Алекс Џоунс ќе мора да плати 49,3 милиони долари за ширење дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

-

Американскиот теоретичар на заговори Алекс Џоунс ќе мора да плати вкупно 49,3 милиони долари за ширењето дезинформации за масакрот „Сенди Хук“, јавува Би-би-си. Покрај веќе пресудената компезациска отштета од над 4,1 милиони долари, судот во Тексас на контроверзниот радио водител му досуди и дополнителни 45,2 милиони долари како казнена отштета.

Компезациската отштета, меѓу другото, треба да ги покрие реалните трошоци за семејството Нил Хеслин и Скарлет Луис, таткото и мајката на Џеси Луис, кој заедно со 19 други ученици и шестмина учители, загинаа во нападот на училиштето во 2012 година. Тие ја покренаа тужбата против Џоунс, но беа приморани да ангажираат и  приватното обезбедување што го најмија за време на судењето поради страв од напад од поддржувач на Џоунс.

Судиите досудија над 4,1 милиони долари на семејството на загинатиот ученик поради нарушувањето на угледот и намерното нанесување емоционални повреди со дезинформациите пласирани од Џоунс, кој долго време во своите емисии на „Инфоворс“ (Infowars) и настапи тврдеше дека масакрот во „Сенди Хук“, еден од најсмртоносните училишни инциденти во историјата на САД, е инсцениран за да се воведат построги мерки за поседувањето и носењето оружје. Џоунс вели дека сцените се изрежирани и всушност немало масакр.

Ова е првпат основачот на „Инфоворс“, онлајн медиум познат по ширењето дезинформации и теории на заговор, како и самиот медиум, да добијат парична казна за негирањето на масакрот во „Сенди Хук“.

Поротата во Тексас пресуди дека радио водителот мора да плати 45,2 милиони долари за казнена отштета, која треба да дејствува како пречка што би го спречила Џоунс да го повтори своето дело во иднина.

Адвокатот на семејството кое ја поднесе тужбата против контроверзниот радио водител рече дека треба да се сопре монетизацијата на дезинформациите и лагите што се пласираат во јавниот простор, при што економист најмен од семејството во судскиот процес тврдеше дека медиумскиот бренд „Инфоворс“ и матичната компанија на Алекс Џоунс „Фри Спич Системс“ вредат до 270 милиони долари.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...