вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: масакр | 55 резултати

Руските сили обвинети за два нови масакра врз цивилно население во Украина

31 октомври 2023

Канцеларијата за човекови права на ОН денеска соопшти дека има „сериозна основа“ да заклучи дека ракетниот напад што уби 59 лица во угостителски објект во селото Хроза, во регионот Харкив во Украина на 5 октомври бил извршен од руските сили, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Лиз Тросел, портпарол на Високиот комесар за човекови права […]

Обвиненија за родителите на малолетникот што уби 10 луѓе во основно училиште во Белград

10 октомври 2023

Против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на 13 годишникот којшто на 3 мај годинава изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на главниот град на Србија, убивајќи вкупно 10 лица, денеска беше покренато обвинение од Вишото јавно обвинителство – Белград. Обвинителството за таткото, кој се наоѓа во притвор од 3 […]

Четириесет дена од масакрот во „Владислав Рибникар“: cвеќи и цвеќиња за жртвите

11 јуни 2023

Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска се одбележуваат 40 дена од убиството на девет ученици и еден чувар. Училиштето, како што пренесуваат српските медиуми, е отворено од 10 до 18 часот за граѓаните кои сакаат да положат цвеќе или да запалат свеќа во спомен на жртвите. Граѓаните во масовен број денеска оставаат […]

Продолжен притворот на таткото на детето кое изврши масакр во белградското училиште

2 јуни 2023

Вишиот суд во Белград му го продолжи за 30 дена притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот на 3 мај во белградското училиште „Владислав Рибникар“, во кое животот го загубија 10 лица и шестмина беа ранети, јавува Радио-телевизија Србија. Притворот на таткото е продолжен на предлог на обвинителството поради посебни околности кои укажуваат […]

Се огласи семејството на момчето кое уби 10 луѓе во белградското училиште „Владислав Рибникар“

25 мај 2023

Семејството на К.К., седмоодделенецот кој со пиштолот на неговиот татко во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, уби 10 и повреди уште пет лица, по повеќе од 20 дена од масакрот, упатило сочувство до сите семејства на загинатите, пренесува Н1. „На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден немо плачеме од […]

Обвинителството отвори предмет за мајката чиј син уби 10 луѓе во белградското училиште

22 мај 2023

Основното јавно обвинителство во Белград по службена должност отворило предмет против М.К., мајка на седмоодделенецот кој на 3 мај годинава уби осум свои соученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“, а рани уште седум лица, од кои едно девојче подоцна почина. Обвинителството ќе утврдува дали во случајот кај мајката има елементи на кривично дело „запуштање […]

Говорот на таткото на убиеното девојче што ги расплака сите во студиото

22 мај 2023

„Мојата судбина е тешка, но ќе ја поднесам баш како што мудро ме научи Софија, и мудроста на тоа дете ме научи да го погледнам секој од вас во очи и да бидам благодарен што имате емпатија“, рече Слободан Негиќ, таткото на едно од девојчињата кои загинаа во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав […]

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

11 мај 2023

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски” откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби […]

Учениците од „Владислав Рибникар“ во Белград се враќаат во школо со посебна наставна програма

10 мај 2023

Една недела по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, учениците се враќаат во училишните клупи, пренесуваат српските медиуми. Родителите се повикани дека доколку имаат потреба, можат да дојдат со децата на училиште, кои денеска денот ќе го поминат со своите класни раководители, а ќе бидат одржани два часа. Активностите, како што пренесуваат српските медиуми, […]

Оставка на српскиот министер за образование Ружиќ: Трагедијата ќе ја носам како печат на душата

7 мај 2023

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ попладнево до Владата ја доставил оставката од функцијата, неколку дена по стравотниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, кога седмоодделенец со оружјето на својот татко уби осум свои соученици и чуварот во школото, а рани уште шест ученици и една наставничка. Во оставката, која тој ја објави […]

Грујичиќ: Неколку пациенти повредени во двата масакра во Србија се во животна опасност

7 мај 2023

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во гостување на утринскиот дневник на Радоиотелевизија Србија (РТС) изјави дека двајца пациенти повредени во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба. Таа посочи и дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ сè уште е во критична состојба и е витално загрозено. […]

„Лесја Украинка“ организира митинг по повoд една година од масакрот во Буча

30 март 2023

Здружението на Украинците во Северна Македонија „Лесја Украинка“, во петок на 31 март со почеток во 16:30 часот организира митинг кај споменикот на Тарас Шевченко во паркот „Жена борец“ во Скопје, по повод одбележување една година од бучанската трагедија. Од „Лесја Украинка“ ги повикаа граѓаните да го поддржат настанот. Русија беше обвинета за воени злосторства […]

Преку манипулација со датуми неточно се тврди дека Украина е виновна за масовните гробници во Изиум

21 септември 2022

На социјалните мрежи се шири фотографија со којашто свесно се манипулира и се креира погрешно мислење во јавноста за руската инвазија во Украина и тоа кој е одговорен за смртта на загинатите и закопаните во масовните гробници. Тврдењето дека Украинците се одговорни за овие масовни гробници немаат никаква врска со реалната состојба на терен. Руските […]

Повторно се актуелизира приказната дека роботи убиле 29 научници во Јапонија

14 септември 2022

Новинарката и теоретичарка на заговор Линда Мултон Хау во својата приказна има многу недостатоци. Таа не го идентификува изворот на информациите, не го кажува името на фабриката каде што се случил наводниот масакр, ниту пак посочува некое од имињата на научниците кои наводно биле убиени. Иако таа тврди дека извештаите за овој инцидент биле сокриени […]

Вистиномер: Како известуваа медиумите за трагедијата во Цетиње: Претпоставки, нагаѓања, дезинформации

21 август 2022

Во незапамтената трагедија која се случи во Цетиње на 12 август настрадаа 11 лица – вклучително и Вук Бориловиќ кој ги изврши убиствата, а шестмина беа ранети. Во текот на хаотичната ситуација и паниката што се создаде меѓу граѓаните, од главниот град почнаа да пристигнуваат првите информации за ова злосторство, а дел од нив, најчесто објавени […]

Одржана комеморација во Цетиње, Црна Гора се простува со загинатите

14 август 2022

Во црногорскиот град Цетиње денеска се одржа комеморација по повод загинувањето на граѓаните кои ги изгубија своите животи во петочкиот масакр, јавува весникот Побједа. На комеморацијата присуствуваа претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ и градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ. „Од завчера нашиот град е окован во тага и шок, невини жртви страдаа без никаква вина […]

Во Црна Гора тродневна жалост по масовното убиство на 11 луѓе во Цетиње

13 август 2022

Тродневна жалост прогласи вчеравечер владата на Црна Гора, по масовното убиство на 10 луѓе што се случи попладнето во Цетиње, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ). Убиецот е 11-от загинат во крвавиот масакр. Одлуката донесена на виртуелна седница подразбира дека денеска, утре и задутре во Црна Гора се денови на жалост, откако во цетинската населба […]

Алекс Џоунс ќе мора да плати 49,3 милиони долари за ширење дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

6 август 2022

Американскиот теоретичар на заговори Алекс Џоунс ќе мора да плати вкупно 49,3 милиони долари за ширењето дезинформации за масакрот „Сенди Хук“, јавува Би-би-си. Покрај веќе пресудената компезациска отштета од над 4,1 милиони долари, судот во Тексас на контроверзниот радио водител му досуди и дополнителни 45,2 милиони долари како казнена отштета. Компезациската отштета, меѓу другото, треба […]

Конспирационистот Алекс Џоунс ќе плати над 4 милиони долари поради дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

5 август 2022

Судската порота во американскиот град Остин во Тексас, вчера му одреди парична казна од над 4 милиони долари на познатиот конспирационист Алекс Џоунс, како отштета за родителите на 6-годишно момче убиено во масакрот од 2012 година во училиштето „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, јави АП. Нил Хеслин и Скарлет Луис, таткото и мајката на Џеси […]

Џафери во Украина, ги посети и Буча и Ирпин каде беа убиени стотици цивили

28 април 2022

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера беше во посета на Украина, на официјална покана на неговиот украински колега, претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, при што имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Џафери, беше и во населбата Буча и градот Ирпин, каде руските војски извршија масакр на стотици цивили во текот на […]

Страна 1 од 3