Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби оствариле разговор со ученикот и неговите родители

-

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски” откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител.

Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби разговарале со ученикот и со неговите родители. Арсов истакна дека пријавениот случај предизвикал моментална реакција и биле преземени сите достапни мерки, а наставата во училиштето се одвива според редовниот распоред.

„Апелираме до родителите совесно да ги пуштат децата на училиште и дека сè ќе биде во најдобар ред. Ова е прва ваква објава на социјалните мрежи од страна на ученик во Штип“, рече Арсов.

По масакрите во Србија кои се случија минатата недела, во кои беа убиени 17 луѓе од кои поголем број деца, во регионот, а и кај нас, зачестија инциденти во кои деца и млади повикуваат на насилство.

Вчера, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 11-годишни деца од Тетово завршиле во полициска станица откако во училишниот тоалет оставиле лист со испишани имиња на нивни соученици и закани кон нив.

Ученичка во „Кочо Рацин“ направила список со соученици кои сака да ги повреди

Еден ден пред тоа, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги свика на состанок сите директори на училишта, откако во полициската станица Центар во Скопје во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи и неговите родители, беше извршен службен разговор со 12-годишен ученик од основно училиште „Кочо Рацин“, по добиена пријава дека додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици.

Немилите настани во Србија повторно го вклучија алармот за начинот на кој младите ги користат социјалните мрежи. Во Македонија беше предложена и забрана или ограничување на социјалната мрежа ТикТок, но засега нема конкретни одлуки.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...