понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: гимназија | 31 резултати

Домарот во Сански Мост го убил директорот на училиштето, секретарот и професорката по англиски

21 август 2024

Стравично тројно убиство и обид за убиство се случило утрово во гимназијата во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Како што информираат медиумите, М.В, вработен како помошен работник во училиштето, со автоматска пушка влегол среде состанок на наставничкиот колектив и убил три лица. По масакрот се обидел да се самоубие, но со тешки повреди е […]

МОН му ги одзеде ингеренциите за образование на Касами, во Општината Тетово не знаат за вакво нешто

21 јули 2023

Поради нераспределување на средствата од блок дотациите, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами во времетраење од 12 месеци. Ова се случи заради случајот со гимназијата во Тетово, „Кирил Пејчиновиќ“, објави Порталб.мк. „Државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во средното општинско училиште гимназија […]

Опаѓа интересот за гимназиите, расте за стручното образование

22 јуни 2023

Средното стручно образование станува сè поатрактивно и поинтересно за младите. Дека е тоа така покажува годинашниот прв уписен рок, после кој може да се забележи дека гимназиите остануваат со многу слободни места, додека директорите на стручните училишта, се фалат со подобар упис во споредба со минатите години. Ако минатата година, во гимназијата „Орце Николов“ за […]

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

11 мај 2023

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски” откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби […]

Мета факт: Градоначалникот Муцунски не започна со изградба на нова гимназија во Аеродром

22 ноември 2022

Градоначалникот на скопската општина Аеродром Тимчо Муцунски, во своите обраќања пред граѓаните, во периодот пред локалните избори кои се случија минатата година, кажа дека во Аеродром ќе биде изградена модерна гимназија. Ова ветување, до денеска, е неисполнето. Муцунски, во кампањата за локалните избори, во видео обраќање насловено како „Мојата програма за Аеродром во 90 секунди“, […]

Димовски: Ако ги примиме сите што аплицирале во „Орце Николов“, ќе останат непополнети другите гимназии

20 јуни 2022

Вкупно 302 ученици со просечен успех 5,00 денеска полагаа квалификациски тест, од чии резултати ќе зависи дали ќе се запишат во гимназијата „Орце Николов“. Годинава во ова училиште за прв пат се полагаше тест за селекција бидејќи за 285 слободни места се пријавија 337 ученици со сите петки во предметна настава во основното образование. Професори […]

Немало пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“

31 јануари 2020

Текстот со наслов  „ВИДЕО: Пожар во средното училиште „Јосип Броз Тито““ дезинформира и исто време шири паника за наводен пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, пишува „КриТинк“. Не станува збор за никаков пожар туку вежба, како да се постапи и како да се евакуира персоналот во случај на пожар. Вежбата во случај на пожар во средното […]

Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

20 јуни 2019

Сите ученици со сите петки, кои се пријавиле за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да полагаат квалификациони тестови и ќе бидат примени во постоечките паралелки. Ова е последната одлука на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), по денешната средба со родителите на ученици кои поднеле документи за упис во ова училиште. […]

Во „Орце Николов“ за 285 места се пријавиле 400 одлични основци – квалификационо тестирање в петок

18 јуни 2019

Основците кои се пријавиле за да учат во гимназијата „Орце Николов“ ќе полагаат квалификационен тест в петок. Оваа одлука била донесена откако за 285 слободни места, се пријавиле дури 400 ученици од кои со сите петки се 330, а останатите имаат по една или две четворки. Ова е прв случај после многу години квалификационо тестирање […]

На првиот упис во средните училишта запишани 11.205 ученици

30 јуни 2017

Во првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование за учебната 2017/2018 година, кое беше спроведено во изминатите два дена, односно 28 и 29 јуни, се пријавиле 17.179, а се запишале 11.205  ученици, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Од учениците кои се запишале, 8.590 се за настава на македонски наставен јазик; […]

Тренер од Кавадарци доби кривична пријава за сексуален напад на 13-годишно девојче

31 март 2017

Тренер на стрелечки клуб од Кавадарци доби кривична пријава од полицијата за педофилија, односно за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Според МВР, Б.П. (68) од Кавадарци, во период од околу три месеци, во просториите на стрелечки клуб лоциран во гимназијата „Добри Даскалов“, како тренер повеќепати вршел полови дејствија над тринаесетгодишно девојче. […]

Битолски средношколци со неписмени соопштенија се повикуваат на протести

20 март 2017

„Бојкотираме за да учиме на македонски јазик, не бојкотираме за партија!“ Вака гласи повикот на социјалните мрежи со кои средношколци од повеќе училишта во Битола ги организираат своите соученици да ја прекинат наставата и да излезат на протести. Притоа, се повикуваат претседателите на класовите да прават списоци и да бележат кој сè излегол на протестите. […]

Гимназијата во Охрид се огради од летоците со кои учениците се повикуваа на протести

9 март 2017

Откако информацијата за летоците со повик до учениците да учествуваат во протестите на иницијативата „За заедничка Макеоднија“, беше објавена во медиумите и предизвика реакции на политичките партии и особена осуда од јавноста, со соопштение се огласи и средното училишта „Св. Климент Охридски“. Во него се наведува дека училиштето е исклучително професионална институција, која е целосно […]

Тетовските гимназијалци ќе следат настава во старото медицинско училиште

7 октомври 2016

Наставата на македонски наставен јазик за тетовските гимназијалци ќе продолжи привремено да се одвива во двете згради на старото медицинско училиште. Децата во овие објекти ќе почнат да учат откако, најверојатно месецов, ќе заврши нивната реконструкција. Засега средношколците следат предавања во големата сала на Општина Тетово. – Па, тука е лошо за следење настава. Ги нема потребните […]

Не се постигна решение за тетовските гимназијалци

28 септември 2016

За тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик сè уште не се најде решение. И учениците и советот на родители и на професори од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, не прифаќаат да се следи настава во објектите на старото медицинско училиште, предлог кој денеска на состанок им го понуди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. […]

Учениците Македонци од тетовската гимназија почнаа да учат под ведро небо

26 септември 2016

По речиси еден месец бојкот, учениците Македонци од тетовската гимназија почнаа да следат настава. Но, наместо на училишните клупи, тие учеа стоечки, на отворено, на градскиот плоштад во Тетово. – Свесни дека бојкотот на наставата најмногу им штети на учениците, а немајќи соодветен простор во кој би ја следеле наставата во нормални и достоинствени услови, […]

Средношколците од Тетово и денеска протестираа поради проблемот со превозот

23 септември 2016

Втор ден тетовските средношколци од руралните општини протестираа пред општинската зграда, барајќи да им се обезбеди бесплатен превоз. – Немаме пари да го платиме превозот. Според законот за децентрализација, општината е одговорна да обезбеди бесплатен превоз, затоа одговорноста за овој проблем ја бараме кај локалната самоуправа – изјави ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. […]

Наставата не почна за гимназијалците Македонци од Тетово

7 септември 2016

Учениците што посетуваат настава на македонски јазик не почнаа со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, иако таква одлука беше донесена на почетокот од оваа учебна година. Од раководството на училиштето велат дека не можат сите ученици, Македонци и Албанци, да ги распоредат да учат во еден објект. – Беше донесена одлука да […]

По денешниот бојкот и протестен марш, тетовските гимназијалци од утре на настава

1 септември 2016

Тетовските гимназијалци од утре ќе почнат со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, откако денеска ја бојкотираа наставата и со протестен марш го изразија револтот од просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 15 години. Одлуката да се продолжи со настава во централната гимназија ја соопшти градоначалничката на Тетово, Теута […]

Тетовските гимназијалци на 1 септември на протестен марш

30 август 2016

Првиот ден од новата учебна година учениците Македонци од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ ќе го почнат со протестен марш. На протестот кој го организираат учениците заедно со нивните родители и професори, ќе упатат повеќе барања за надминување на просторниот проблем со кој се соочуваат повеќе од една деценија. Ако не се прифатат барањата, учениците најавуваат бојкот […]

Страна 1 од 2