петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: разговор | 33 резултати

Над 100 загинати лица во Нагорно-Карабах во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

1 октомври 2020

Воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах продолжија и во текот на денешниот ден. Над 100 лица загинаа за неполна недела при ескалацијата на конфликтот, јавува Би-би-си. Рускиот министер за надворешни работи им понудил на двете земји Русија да биде домаќин на мировните преговори со кои би се спречила натамошна ескалација на […]

Анализа: Измамениот Заев – вест со краток здив, но со можни последици по премиерот и по државата

11 јули 2019

Веста на неделата – измамничките телефонски разговори на премиерот Зоран Заев со двајцата руски, наводно, шегобијци – нема капацитет подолгорочно да се задржи во медиумскиот простор во земјата и светот, но можно е да има импликации по угледот на Република Северна Македонија и секако, импликации по угледот на премиерот лично. Ова е заедничка констатација на […]

„Вистиномер.мк“: Тие што го измамиле Заев немаат проблем да бидат „оружје на Кремљ“

9 јули 2019

Премиерот Зоран Заев даде изјава која ј„Вистиномер.мк“ ја оцени како вистинита: … Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики за медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто насочени против личности […]

Заев: Бев измамен од организирана структура која е против нашето членство во НАТО

9 јули 2019

За жал станав еден од измамените од страна на добро организирана и инвентивна структура, која е насочена против личности и земји насочени кон евроатлантски аспирации за да им се наштети, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која ја одржа по повод објавеното видео на „Јутјуб’“ од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров […]

Димитров до Сијарто: Парадоксално е барањето азил во земја на ЕУ, од страна на осуденик

15 ноември 2018

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, иницирал и остварил телефонски разговор со својот унгарски колега Петер Сијарто, а во врска со поднесеното барање за азил до унгарските власти од страна на поранешниот премиер, Никола Груевски информираат од МНР. „За време на разговорот, министерот Димитров посочи дека во случајот станува збор за осуденик, против кого се […]

Заев: Во прашање се денови кога ќе се случи разговорот со Ципрас

5 јуни 2018

Во прашање се денови да се случи телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, и во моментот се уште се создаваат околностите за да се реализира тоа, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на завршната конференција на проектот „Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добор владеење?“ Во врска со изјавата […]

Ѕанакопулос: Нам не ни се брза, чекаме Заев да ни се јави ако ги прифаќа условите

4 јуни 2018

Во 13 часот денеска, грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина има средба со Вартоломеј. Во светлина на последните настани со писмата на македонскиот премиер Зоран Заев и на Светиот синод до Вселенската патријаршија, оваа, инаку протоколарна средба добива ново значење. Во врска со преговорите околу името од Атина велат дека „тие чекаат Заев да се […]

Договорот за името е „блиску, а сепак далеку“, тврдат неофицијални грчки владини извори

1 јуни 2018

Договорот за името е во многу критична фаза со многу пресврти за кусо време, наводно, коментираат грчки „владини извори“, а пренесува атинска „Иефимерида“. Според изворот на весникот, се оддалечуваме од договорот за името кој се очекуваше дека ќе падне денеска со телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. „БЈРМ, се чини дека се […]

Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец на 15 декември

3 декември 2017

Претставниците на владите на Македонија и на Албанија договориле заедничката меѓувладина седница, која е предвидено да се случи на 15 декември во Поградец, Албанија, информираат од Владата. Во соопштението, накратко се додава дека на седницата ќе се разговара на повеќе теми, а во фокусот ќе биде унапредувањето на заемната соработка во повеќе области. Владата на Македонија […]

СЈО го достави разговорот на Мијалков и на Јанкулоска како доказ во случајот „Сопот“

18 октомври 2017

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за случајот „Сопот“, на судот му предаде цеде со телефонски разговор помеѓу поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како дополнителен доказ во постапката за овој предмет. Како дополнителен доказ за повторното судење за „Сопот“, СЈО достави […]

Трамп и Путин имале уште еден досега необјавен разговор

19 јули 2017

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД, Доналд Трамп, имал уште еден, претходно необјавен разговор со рускиот претседател Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург. Портпаролот Шон Спајсер синоќа соопшти дека Трамп и Путин разговарале за време на заедничката вечера на лидерите од Г20. Двајцата претседатели претходно, во текот на денот, имаа официјален состанок кој […]

Македонската амбасадорка во Белград повикана во српското МНР

30 мај 2017

Амбасадорката на Македонија во Србија, Вера Јовановска, денеска итно била повикана на разговор во Министерството за надворешни работи на Србија, за да ги објасни околностите поради кои биле прислушувани телефоните на советникот во Амбасадата на Србија во Скопје, Горан Живаљевиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, и на новинарот на весникот […]

Српската амбасадорка во Македонија била повикана на разговор во МНР

25 мај 2017

Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ денеска била повикана на разговор во Министерство за надворешни работи (МНР) за да го објасни присуството на српскиот разузнавач и нејзин советник Горан Живаљевиќ во Собранието за време на инцидентите на 27 април, објави веб-порталот „мкд.мк“. Според информациите од МНР, најверојатно амбасадорката ќе отиде на разговор утре. „Македонија во овој […]

МНР го повика албанскиот амбасадор: Изјавите на Рама и на Бушати се сериозна провокација

4 април 2017

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река вчера бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи на земјава, по повод зачестените навредливи изјави и коментари на официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија, соопшти денеска МНР. „На средбата беше потенцирано дека изјавите на претседателот на владата (Еди Рама н.з.) и Министерот за […]

Полицијата пронашла 15 мигранти кои нелегално биле превезувани

26 февруари 2017

Полициски службеници, на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на местото Авлак, забележале возило „крајслер“ со повеќе лица, кое со голема брзина се упатило кон Скопје. Од страна на полициските службеници во близина на Удово возилото било сопрено, а возачот избегал. При преглед на возилото, утврдено е дека регистарските ознаки се од друго возило, кои на 31 јануари […]

Иран го повика амбасадорот на Турција на разговор

20 февруари 2017

Министерството за надворешни работи на Иран го повика на разговор турскиот амбасадор во Техеран, Хакан Текин. Амбасадорот е повикан поради негативните коментари на турскиот премиер Бинали Јилдрим на безбедносната конференција во Минхен. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Хаземи, денеска изјави дека неговата земја би можела да го изгуби трпението доколку Турција продолжи […]

Лавров: Разговорот помеѓу Трамп и Путин значи дека двајцата се почитуваат

30 јануари 2017

Првиот разговор помеѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, помина добро на политичко и на лично ниво, бидејќи покажува заемна почит помеѓу двајцата лидери и желба за соработка, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Според него, овој телефонски разговор покажал дека во низа области им се совпаѓаат интересите на нивните […]

Изборите и човековите права, теми на разговор помеѓу европарламентарците и ЛДП

25 ноември 2016

Делегација на Либерално-демократската партија во состав Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, денеска оствари средба со европратениците Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн. За време на средбата, присутните се осврнале на неколку теми, меѓу кои и Договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември. На европратениците им биле презентирани програмските приоритети на ЛДП, економијата, екологијата и […]

Најчевска го обои влезот на полициската станица „Беко“

25 мај 2016

Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на информативен разговор, а пред полициската станица „Беко“ во Скопје, го офарба влезот. На полициски распит денеска е повикана и извршната директорка на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска. Неколку десетици граѓани утринава се собраа пред станицата за да им дадат поддршка на Пировска и Најчевска и да го изразат револтот од […]

Министерот за одбрана Јолевски ќе ги посети војниците на границата со Грција

5 март 2016

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија стационирани на јужната граница. На котата 59 со Грција, се очекува Јолевски да разговара со војниците на АРМ кои ја обезбедуваат границата поради мигрантската криза.  

Страна 1 од 2