Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ денеска била повикана на разговор во Министерство за надворешни работи (МНР) за да го објасни присуството на српскиот разузнавач и нејзин советник Горан Живаљевиќ во Собранието за време на инцидентите на 27 април, објави веб-порталот „мкд.мк“.
Според информациите од МНР, најверојатно амбасадорката ќе отиде на разговор утре.
„Македонија во овој случај ќе се однесува согласно Виенската конвенција, а тоа значи дека овој случај може да резултитра и со протерување од земјата на српскиот дипломат“, изјавиле од МНР.