fbpx

Марамата на Агелер е моден додаток од дизајнерот Меквин и нема врска со сатанизам

Марамата на Агелер не е некоја голема мистерија и не носи некоја скриена поракa

-

Марамата која што ја носи амбасадорката Агенер е само еден моден додаток од светски познатиот дизајнер Александар Меквин и со неа не се испраќа никаква скриена порака. Оваа марама во низа бои и варијации била забележана како ја носат голем број на светски познати личности како Никол Ричи, Кристина Агилера и Ким Кардашијан, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека марамата што ја носи американската амбасадорка, Анџела Агелер, а на која има човечки черепи, претставува сатанизам и дека Агелер е дел од сатанистичко друштво. Ова не е вистина, марамата на амбасадорката е само моден додаток од познат дизајнер.

Ни пренесе поздрав од друштвото сатанистичко ТУЛА.

Исцерени костури на черепи на марамата на Агелар кога најави дека продолжуваат додека не биде по нивно а не како што сака македонскиот народ, пишува во објавата.

Американската амбасадорка Агелер заедно со Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред неколку дена беше во работна посета на граничниот премин Богородица. Таа на себе носеше розова марама којашто привлече многу внимание на социјалните мрежи.

На објавата што е предмет на оваа рецензија, прикачен е напис со наслов: Дали костурските глави на марамата на Агелар додека ги спомнува граѓаните кријат скриена порака?“. Притоа во текстот на објавата се тврди дека амбасадорката на САД во Македонија, која носи марама на која се прикажани човечки черепи, е дел од сатанистичко друштво ТУЛА.

Тула, односно Туле, било германско окултно друштво основано во Минхен во 1918 година од Адам Глауер (1875-1945) кој се нарекол Рудолф, Фрајхер фон Себотендорф. Ова било антисемитско друштво кое имало врски со Адолф Хитлер преку Германската работничка партија (подоцна Национал-социјалистичка германска работничка партија). Активностите на Групата Туле биле политички и окултни, а нивната сфера на влијание вклучувала судии, полициски началници, професори и индустријалци.

Но, симболот на ова движење нема никаква врска со черепи. Симболот на Туле била свастика налик на сончево тркало. Тие, исто така, користеле и свастика со меч проткаен со дабови гранки. Ниту еден од овие симболи амбасадорката Агелер го нема на себе за да се поврзува со ова друштво. Освен тоа, нема никаква логика американска службеничка да се поврзува со нацистичко движење. За време на Втората светска војна САД биле дел од сојузниците кои им се спротивставиле на Силите на оската предводени од нацистичка Германија.

Марамата на Агелер не е некоја голема мистерија и не носи некоја скриена порака. Таа едноставно е дел од колекцијата на познатиот британски бренд Александрар Меквин, познат по смелите и провокативни дизајни. Брендот е основан од покојниот британски дизајнер Ли Александар Меквин, чии креации се авангардни, смели и обожувани од голем број познати личности.

Марамата првпат беше претставена во колекцијата пролет/лето на Меквин 2003 година, десет години по дебито на Меквин. Черепите беа еден од многуте мотиви на Меквин вградени во целото негово дело. Во своите креации Меквин често го користел човечкото тело како една од неговите големи инспирации. Моделот на черепот развиен подоцна во неговата кариера бил симбол на готскиот и морбиден моден дух на дизајнерот за што добил пофалби модниот свет, а потоа овој стил бил широко употребуван во поп-културата. Оваа марама во низа бои и варијации била забележана како ја носат големи ѕвезди како Никол Ричи, Кристина Агилера и Ким Кардашијан.

Марамата, нејзиниот дизајнер, како и амбасадорката на САД, Агелер, немаат никаква врска со нацистичкото друштво Туле или со сатанизмот. Марамата што ја носи таа е само еден моден додаток од светски познат дизајнер и со неа не се испраќа никаква скриена порака. Агелер не е единствената што носела ваква марама, напротив многу е популарна и ја носеле голем број славни личности.

Па така, според сите наведени информации, можеме да заклучиме дека невистинито се тврди оти Агелер е дел од сатанистичко друштво.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...