fbpx

Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

-

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду. Грковска ја информираше Филипиду за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето на професионални, транспарентни, одговорни и отчетни институции.

„На состанокот се разговараше и за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка, но и размена на искуствата и знаењата во областа на дигиталната трансформација на општеството и креирањето на антикорупциските политики“, наведено е во соопштението од кабинетот на Грковска.

Амбасадорката Филипиду истакнала дека дигиталната трансформација на општеството е многу важен за успешно справување со корупцијата, но и за унапредување на ефикасноста на институциите.

Двете соговорнички разговарале за можноста за размена на искуства меѓу двете земји, како во поглед на процесите на дигитална трансформација, но и во однос на механизмите за спречување и откривање на финансискиот криминал.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ - македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за...