сабота, 14 март, 2026
Meta.mk

Ознака: дигитални права | 21 резултати

Подигањето на свеста кај граѓаните за заштита на податоците – најдобра заштита од можни злоупотреби

19 октомври 2023

Информирањето за важноста на личните податоци во државата и начините како граѓаните да ги заштитат своите податоци, како и информирањето за улогата на офицерите за заштита на податоците, беа неколку од темите што се дискутираа на втората панел дискусија на конференцијата „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“. Во фокус на […]

МНР во соработка со Амбасадата на САД организираше конференција за дезинформации и хибридни закани

20 мај 2023

Министерството за надворешни работи, во соработка со Амбасадата на САД организираше Конференција „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Воведни обраќања имаа државниот секретар Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. Учество зема и реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за […]

Утре започнува меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

3 април 2023

Во хотелот „Мериот“ во Скопје утре и задутре ќе се одржи меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат, при што дел од учесниците ќе ја имаат можноста физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и Facebook Live. Конференцијата ќе […]

Конференцијатa „Дигитална трансформација за граѓаните“ ќе се одржи на 4 и на 5 април

16 март 2023

Фондацијата „Метаморфозис“ и мрежата ИЦЕДА се организатори на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“, што ќе се одржи на 4 и на 5 април во хотелот „Мериот“ во Скопје. Конференцијата ќе биде во хибриден формат. Некои од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги проследат сесиите […]

Грковска: Улогата на жените мора да биде поенергича и одлучувачка

6 март 2023

Улогата на жените треба да биде поенергична и одлучувачка, со целосно почитување на човековите права и со искористување на потенцијалот, знаењето и искуството. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, која учествуваше на конференцијата „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост“. Конференцијата ја организираа […]

Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

24 февруари 2023

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду. Грковска ја информираше Филипиду за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето […]

С. Македонија станува членка на Дигитална Европа, новата програма на ЕУ

28 декември 2022

ЕУ и Северна Македонија ќе потпишат меѓународна спогодба за учество во програмата на Унијата, Дигитална Европа (Digital Europe) за периодот 2021-2027 година, информираат во Министерството за информатичко општество и администрација. Оттаму додаваат дека Владата го овластила министерот Адмирим Алити да ја потпише спогодбата, со што Македонија од 1 јануари ќе биде земја членка на програмата, […]

„Разговори со експерти“ в сабота во Јавна соба

27 октомври 2022

„Разговори со експерти“, настанот организиран од Гете институтот, кој е наменет за родители, ќе се одржи в сабота во Јавна соба. Дискусиите треба да доловат различни перспективи на феноменот на дигиталниот свет, на кој нивните деца и тие самите се изложени како родители. „Интервенцијата „Проѕирниот човек“ содржи повеќе делови – изложба, натпервари за ученици, награда […]

Промовирани резултатите од Проценката на добро владеење преку Индексот на отвореност

13 септември 2022

Во организација на Фондацијата Метаморфозис, денеска беа промовирани резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година, како и резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021 година. Резултатите беа презентирани на онлајн […]

Изложба со повик полицијата сериозно да ги сфати пријавите за малтретирање на интернет

26 јуни 2022

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ – со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на уметникот Рехатлику да се крене свеста малтретирањето со кое се соочуваат […]

ДЕБАТА: Нема доволно политичка волја за дигитализација на општинските услуги

8 февруари 2022

Има недостиг на стратешки пристап за развивање на дигитализацијата на локално ниво, оти речиси сите стратегии во моментов се насочени на услугите што ги дава централната власт, а постои и недостиг на интегриран систем на јавни услуги што ќе овозможат одговорна и безбедна испорака на услуги за сите граѓани без исклучок. Отсуствува и разбирање на […]

Конференција „GOT_DATA“: Дискусија за довербата во институциите што ги контролираат личните податоци

10 декември 2021

Во Приштина денеска започна меѓународната конференција „GOT_DATA“ организирана од организацијата „Опен дата Косово“ (ODK), на тема прифаќање на дигиталната трансформација во регионот, под насловот „Дигиталната агенда, заштита на податоци и доброто управување“. Конференцијата се одвива во хибриден формат, преку физички собир во салата „Вендум“ и преку интернет. Настанот започна со панел дискусија модерирана од извршната […]

Конференција е-Општество.мк: Регионални перспективи – локални акции

25 ноември 2021

Дигиталните иновации радикално го трансформираат демократското одлучување и учеството на граѓаните во општествените промени. Како сведоци на глобалната Ковид-19 пандемијата можеме да согледаме како јавните администрации во регионот и ЕУ, плански или спорадично, сè повеќе експериментираат со креирање на платформи на Интернет или дигитални алатки за да им овозможат на граѓаните да доспеат до релевантни […]

Конференцијата „е-Општество.мк“ почнува на 30 ноември, во фокус демократијата во дигиталната ера

19 ноември 2021

Фондацијата Метаморфозис годинава по 17-ти пат ќе ја организира годишната меѓународна конференција „е-Општество.мк“ во периодот од 30 ноември до 3 декември 2021 година. Годинешново издание е на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се сретнат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко […]

Естонија ги сподели своите алатки за дигитално образование како поддршка за време на Ковид-19

18 март 2020

Естонија. која е држава лидер за образование во Европа (се наоѓа на место број еден на тестот ПИСА во Европа), објави дека сака да ги сподели сите свои алатки за дигитално образование за поддршка на образовните системи на другите земји за време на кризата Ковид-19. Списокот на алатки кои се меѓународно достапни може да се […]

„Метаморфозис“: Податоците за трошењата ќе бидат покорисни во машински читлив формат

27 март 2018

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ѝ препорачува на Владата на Република Македонија да ги објави во машински читлив формат податоците за трошоците на министерствата и другите институции од централната власт. „Метаморфозис“, која е една од граѓанските организации што цврсто се залагаат за примена на принципите на доброто владеење, отчетност, транспарентност и отвореност, го поздравува […]

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет

1 март 2018

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет, според коалицискиот договор на конзервативците на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вели Хелге Браун, кој е именуван за шеф на кабинетот на германската канцеларка. Во интервју за весникот „Билд“, Браун објаснува дека новата голема владина коалиција ќе создаде правна рамка со која […]

Страна 1 од 1