Естонија. која е држава лидер за образование во Европа (се наоѓа на место број еден на тестот ПИСА во Европа), објави дека сака да ги сподели сите свои алатки за дигитално образование за поддршка на образовните системи на другите земји за време на кризата Ковид-19. Списокот на алатки кои се меѓународно достапни може да се најдат на следниот линк: http://education-nation.99math.com/
Од денес, сите училишни објекти во Естонија се затворени. Наставата и учењето се префрлени на Интернет.
„Учењето и предавањето дигитално се предизвик дури и во нормални околности. Сепак, за време на појавата на Ковид-19, дигиталното образование е единствената опција “, рече Март Лајдметс, генерален секретар на Министерството за образование и истражување на Естонија.
Извор: ОЕР
Фондацијата Метаморфозис, преку активностите во проектот „Отворени Образовни Ресурси“ останува посветена на зголемување на квалитет на образованието, преку слободно споделување на знаењето, и користење на иновативни технологии, вклучително и во рамки на образовниот процес. Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ се спроведува со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.