„Разговори со експерти“ в сабота во Јавна соба

-

„Разговори со експерти“, настанот организиран од Гете институтот, кој е наменет за родители, ќе се одржи в сабота во Јавна соба. Дискусиите треба да доловат различни перспективи на феноменот на дигиталниот свет, на кој нивните деца и тие самите се изложени како родители.

„Интервенцијата „Проѕирниот човек“ содржи повеќе делови – изложба, натпервари за ученици, награда за најдобар наставник по германски јазик. Покрај тоа нудиме и разговор со експерти на тема „Родителство во дигитален свет – надежи и стравови во однос на влијанието на технологијата врз младите“, велат во Гете институтот.

Постои можност, сите заинтересирани да постават прашања пред настанот, кои експерти ќе ги одговараат.

На овој настан ќе се разговара за прашања од типот, Како родителите треба да го регулираат користењето (мобилни) апарати од страна на нивната деца? Како технолошкиот развој влијае на комуникацијата меѓу родителите и децата? Кои се последиците од лажните вести врз животот на младите? Како родителите може да препознаат, дали нивните деца се изложени на сајбер-булинг? Што може да направат родителите за онлајн-сигурност на нивните деца?..

Гости ќе бидат Арбен Гудачи – експерт за заштита на податоци, проектен менаџер и правник, Радмила Живановиќ – акредитиран психолог и психотерапевт на EAGT – Европската асоцијација за гешталт терапија и EAP- Европска асоцијација за психотерапија, како и Владимир Петрески од Фондација Метаморфозис, уредник на македонскиот Сервис за проверка на факти од медиумите со обемно искуство во проверка на факсти и справување со лажни вести. Настанот ќе го модерира Маја Видеовиќ.

Инаку, со отворање на изложба, вчера започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот и Фондацијата „Метаморфозис“. Целта е да се промовираат медиумските и информативните вештини на помладата генерација и нивната околина – родителите, наставниците и сите други заинтересирани.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...