Конференцијатa „Дигитална трансформација за граѓаните“ ќе се одржи на 4 и на 5 април

Некои од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги проследат сесиите oнлајн, преку „Зум“ платформата

-

Фондацијата „Метаморфозис“ и мрежата ИЦЕДА се организатори на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“, што ќе се одржи на 4 и на 5 април во хотелот „Мериот“ во Скопје.

Конференцијата ќе биде во хибриден формат. Некои од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги проследат сесиите oнлајн, преку „Зум“ платформата.

На овој линк се наоѓа агендата, а секој што сака да биде дел од конференцијата, треба да го пополни формуларот за регистрација на учесници.

Во рамки на конференцијата, ќе се говори на повеќе теми. Говорниците ќе ги споделат своите гледишта и процената на напредокот на дигиталната трансформација насочена кон потребите на сите граѓани, без исклучоци, а на оваа тема говорници ќе бидат Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија, Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Азир Алиу, министерот за информатичко општество и администрација, како и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

За Естонија, како лидер во дигитализацијата и за тоа, како граѓанскиот сектор одиграл клучна улога во процесите на формирање на политиките и е-услугите, ќе зборува Кристина Манд, виша експертка за е-демократија.

Во сесијата „Од граѓаните за граѓаните – надминување на дигиталната поделба“, ќе бидат опфатени обидите и предизвиците со кои се соочуваат центрите за поддршка на е-владеење на Западен Балкан во поддржувањето и омоќувањето на различните категории граѓани за ефикасно да ги користат достапните јавни е-услуги и да се зголеми нивната дигитална писменост. Ќе говорат Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална коалиција, Дебора Пеци, проектна менаџерка од Democracy Plus (Косово), Меги Тафаруци, развивачка на проекти од Европска младинска асоцијација (Албанија), Наташа Ленѓел, извршна директорка во СИНХРО ХАБ (Србија), како и Ивана Среќковиќ, генерална менаџерка на Нест (Црна Гора).

Во рамки на конференцијата ќе се зборува и за заштитата на приватноста во свет што го движи вештачката интелигенција. Оваа сесија ќе собере практичари и активисти
кои се занимаваат со вештачка интелигенција за да дискутираат за нејзината постојна употреба во јавниот сектор во регионот и во Европа, нејзиното влијание врз приватноста, како и потребата за законодавство и етичка примена на вештачката интелигенција.

Исто така ќе се разговара и за тоа, како да се изгради отпорност на хибридната војна, која директно ги поткопува обидите за дигитална трансформација на Западен Балкан, бидејќи сајбер нападите ја саботираат владината ИКТ-структура, а кампањите со дезинформации ги експлоатираат и продлабочуваат постојните поделби и сеат страв кај граѓаните, влевајќи недоверба во демократските институции, имајќи ги за цел е-услугите (СтопКорона, МојДДВ…), па сѐ до блокирање на секојдневниот
работен ден со лажни дојави за бомби.

Ќе се дискутира и за сајбер безбедноста, која е многу повеќе од само комплициран технолошки предизвик. Оваа сесија ќе истражи како владите поттикнуваат сајбер заштита во општеството, горливите предизвици и приоритетите за зајакнување на отпорноста на сајбер напади во земјата, како и улогата на општеството во сето тоа.

На 5 април, во рамки на конференцијата предвидена е и сесијата „Мрачната страна на социјалните медиуми – Коегзистирање со доброто и злото“, во која ќе се зборува за тоа дека младите половина од денот го поминуваат во виртуелната реалност, односно на друштвените мрежи. Овде говорници ќе бидат Андријана Вешовиќ-Зомбијана, креаторка на содржина и активистка (Црна Гора), Бојана Стојменовиќ, Мој психолог како и комуникологот Бојан Кордалов.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...