fbpx

Грковска: Улогата на жените мора да биде поенергича и одлучувачка

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, учествуваше на конференцијата „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост“. Конференцијата ја организираа агенциите на Обединетите Нации UN Women и UNDP во С. Македонија

-

Улогата на жените треба да биде поенергична и одлучувачка, со целосно почитување на човековите права и со искористување на потенцијалот, знаењето и искуството. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, која учествуваше на конференцијата „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост“. Конференцијата ја организираа агенциите на Обединетите Нации UN Women и UNDP во Северна Македонија.

Грковска се осврна на родовата еднаквост како синоним на демократијата, правото на избор, слободата, определувањето и вклученоста на жените во општествените процеси.

„Сето ова ќе придонесе жените да станат поодговорни и подобри во содздавањето на заедничкиот свет. Дигитализацијата мора да биде процес кој носи напредок на сите полиња. И тоа е една од причините поради која од септември минатата година го предводам Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, чија основна цел е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите, како и ефикасно справување со предизвиците што ги носи“, рече Грковска.

Таа кажа дека дигиталната трансформација треба да биде сеопфатна, не само поради исполнување на владината стратешка цел за модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која дава квалитетни и брзи услуги, туку заради тоа што дигитализацијата е директно поврзана и со други владини цели – економски раст, повисок стандард, поквалитетно образование, владеење на правото.

„Дигитализацијата може многу да помогне во подобрување на состојбите, како што се новите можности за поголемо учество на жените на пазарот на труд. Тоа значи нивно зајакнување, но тоа влијае и на севкупниот економски развој и животниот стандард“, потенцира таа.

Грковска кажа дека важно е што во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, се дискутира за нешта кои што содржат реални и остварливи, позитивни перспективи за жените.

„Очекувам дека наскоро насилството, прекршувањата на правата, стигмата и предрасудите кон жените ќе станат теми од минатото, а иднината ќе ја планираат и градат заедно и рамноправно и жените и мажите“, беше пораката на Грковска.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy paid course free download