„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Одговорното користење на вештачката интелигенција бара внимателен дизајн, транспарентност и постојана соработка за да се осигура дека технологијата му служи на човештвото етички и правично

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”.

Во нашата потрага по иновации, од клучно значење е одговорно да се користи вештачката интелигенција, имајќи ги предвид етичките импликации и општественото влијание. Одговорното користење на вештачката интелигенција бара внимателен дизајн, транспарентност и постојана соработка за да се осигура дека технологијата му служи на човештвото етички и правично.

Говорник: Камил Сливовски, дизајнер на активности и содржини за учење, ИНКО (Полска)

Повеќе информации за конференцијата има на следниот линк: https://tinyurl.com/bde9d2dy

Сите заинтересирани да учествуваат треба да се регистрираат на следниот линк не подоцна од 14-ти декемвриhttps://tinyurl.com/3vnp6nnk.