недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: одговорност | 138 резултати

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

март 16, 2025

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин. Не можам да дадам повеќе детали за да не ја загрозам истражната постапка, изјави пред малку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Не откривам […]

Да се уврди одговорност за инцидентот во М-НАВ, бара Платформата на организации против корупцијата

јануари 8, 2024

Платформата на граѓански организации против корупцијата, во отворено писмо испратено до медиумите, бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 jануари, соопштија денеска оттаму. Платформата е составена од 18 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро […]

„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

декември 12, 2023

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”. Во нашата потрага по иновации, […]

Меџити бара Обвинителството да излезе со имиња на обвинети за скандалот на Онкологија

ноември 10, 2023

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до Обвинителството да излезе со име и презиме на обвинети за случајот со Клиниката на онкологија. Тој посочи дека очекува резултати од работењето на Обвинителството, додавајќи дека го гуши краватата што ја носи и најубаво се чувствува меѓу колегите, во бел мантил. „Уште еднаш апелирам крајно време е […]

Три фемициди за еден месец, се бара одговорност за службените лица и најстроги казни за сторителите

септември 27, 2023

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објави остра осуда упатена до институциите затоа што не ги презеле сите соодветни дејства и со нивното нереагирање придонеле да се случат три свирепи фемициди – убиства на жени, во период од само еден месец во Куманово и во Кочани. „Непреземањето соодветни мерки од надлежните институции […]

Доктор Никола Пановски нема ќерка директорка на Клиниката за онкологија

септември 17, 2023

Доктор Пановски нема бизнис за лекови, ниту веледрогерија, ниту пак, ќерка директорка на која било клиника. Тој има две ќерки, од кои постарата е матурантка, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Лицемерно створење, збори за партизација на […]

Лекарот што објави пациентки на Тик Ток се соочува со одземање на лиценцата за работа

април 18, 2023

Привремено одземање на лиценцата за работа во траење до седум години – со ваква казна се соочува анестезиологот од Тетово кој пред неколку дена беше приведен бидејќи објави снимка на Тик ток од пациентки на гинеколошкиот оддел во Клиничката болница во Тетово. Ова денеска го изјави проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претстедателката на Лекарската комора. […]

Ново судско рочиште за трагедијата во тетовската модуларна болница

април 6, 2023

За денеска е закажано ново судско рочиште за случајот во кој изгоре модуларната болница за ковид во Тетово, а во кој загинаа 14 луѓе. Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите. На последното рочиште беа сослушани две медицински сестри и универзитетските професори кои изработиле вешт наод […]

По железничката несреќа, оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт

март 1, 2023

По трагичниот судир на два воза во долината Темби во Грција, на подрачјето меѓу градот Лариса и познатото туристичко место Неи Пори, во која загинаа најмалку 36 лица, а 85 се повредени, попладнево оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Константинос Караманлис, јави грчкиот весник „Катимерини“. Одговорноста за несреќата врз себе ја презел шефот […]

Заев: Прво извештај за истрагата од пожарот во тетовската модуларна болница, потоа став за оставките

септември 20, 2021

Премиерот Зоран Заев денеска рече оти германските експерти треба да го дадат својот извештај околу истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница за 10 до 15 дена, додека истражните органи од земјава треба да го направат тоа неделава. Премиерот инсистира дека за понудените четири оставки ќе донесе одлука откога ќе бидат објавени извештаите од истражните […]

Заев: На одлуката за оставките на Филипче и Хасани влијание ќе има форензичкиот извештај

септември 13, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, заедно со двајцата директори на Клиничката болница во Тетово, продолжуваат да ги извршуваат своите работни обврски на нивните функции, и покрај тоа што тие си дадоа оставки во петокот. За ова информираше премиерот Зоран Заев, кој денеска изјави дека на одлуките за прифаќање на оставките […]

Караџовски: Медицинскиот персонал е функционален, но не знаеме до кога

април 5, 2021

Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести на денешната прес-конференција рече дека е проблем медицинскиот персонал кој сè потешко се справува во битката со ковид-19. – Бројот на нови пациенти се разликува во однос на ноември. Ако тогаш на Филипче му кажувавме дека до 1.000 случаи на дневна основа можеме да изменаџираме, […]

Aктивистите во Штип со квиз за корона и прашање – „Чија е одговорноста“?

септември 11, 2020

Штип, градот кој повеќе од три месеци беше жариште на ковид-19, изутринава осамна со прашањето „Кој е крив?“ поставено во централното градско подрачје, во коритото на реката Отиња. На плоштадот „Слобода“ пак, е поставена топка и прашање – „Чија е одговорноста“? Овие прашања се симболичен дел од „Корона квиз на одговорност“, со кој неформалната група […]

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

јуни 29, 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил […]

Коле Штерјов незаконски ја избрал внуката за обвинител, ДКСК – до тука е нашето

февруари 7, 2020

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители го прекршил Законот за спречување корупција и не се изземал од гласањето кога неговата внука била избрана за обвинител во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, констатираше денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), но Советот на јавни обвинители нема да поведе постапка за тоа. […]

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

ноември 12, 2019

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 – 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот […]

Штипското обвинителство отвори предистрага за бегството на Игор Спасов од затвор

ноември 5, 2019

Основното јавно обвинителство од Штип по допрен глас ќе испитува како се случи специјалецот Игор Спасов да избега и да биде недостапен на органите на прогон, вклучувајќи го ѝ затворот „Идризово“, каде што издржува 14 – годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје. – Предметот е во фаза на предистрага, […]

Власта и опозицијата ги приближија ставовите за Законот за ЈО, за буџетот и одговорноста на обвинителите

јули 30, 2019

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, по средбата во Владата меѓу претставници на Владата и опозицијата, околу новиот Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира и статусот на СЈО, изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на Обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите. „Тука имаме приближување на ставовите, […]

СЕММ апелира на одговорност и коректно известување за изборите

март 14, 2019

Во пресрет на претседателските избори, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.  „Апелираме до медиумите на посериозен пристап во известувањето, односно јавниот интерес да биде главен услов при селекцијата на темите што се презентираат на […]

Заев: Со Спасовски разговаравме за оставка како морален чин, ама не гледам таков пропуст

декември 5, 2018

Убеден дека ако Груевски реши да „удира“, или како што тој знаеше да користи фраза „забивање нож во грбот на Македонија“, тој може да ја рани Македонија, но безбедноста не може да ја загрози, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче Веле“. – Мислам дека нема да има безбедносни импликации. Македонија не зависи од […]

Страна 1 од 7