fbpx
Таг: одговорност

таг: одговорност

СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да соберат храброст и да се соочат со правдата

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и врз државата, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Груевски по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. „Граѓаните имаа можност...

Локалната власт има низок степен на транспарентност

Општините во Република Македонија исполнуваат 34 отсто од индексот на отвореност, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ“ што го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. „Овој податок е загрижувачки со оглед дека мерењето е направено на обезбедувањето на пристап до информации кои треба да се објавени на...

Детали и куриозитети од извештајот за пропустите на МВР од 27 април

Извештајот на работната група на Министерството за внатрешни работи детектира серија сериозни пропусти на оперативниот штаб и на полицијата при најзината (не)интервенција за време на насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, кога беа нападнати и повредени пратеници, новинари и граѓани во законодавниот дом. Работната група на МВР, меѓу другото, констатирала: Штабот на Чавков бил целосно во аут Оперативниот штаб...

Спасовски: Извештајот за пропустите на МВР на 27 април е готов, на ред е Обвинителството

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција соопшти дека извештајот на работната група на МВР за насилствата од 27 април во Собранието на Република Македонија е готов и дека во него се утврдени правните пропусти и системските недоследности во Министерството. Спасовски истакна дека МВР како државен орган „падна на испитот“ на 27 април, поради партизираноста на раководните структури. -...

Невладините бараат власта и институциите да ја испитаат работата на Тантуровски и на ДКСК

Власта и институциите да ја проверат основаноста на контролите во невладините организации и да ја истражат злоупотребата на службената должност за политички притисок и дискриминација од сите засегнати раководители кои се дел од прогонот. Ова денеска повторно го побараа 22 граѓански организации и фондации во кои изминатите шест месеци Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција вршат контроли...

ВМРО-ДПМНЕ: МВР мора да бара одговорност од тие што го поттикнале „атентатот“ врз Тодоров

Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин, туку чин кој беше поттикнуван со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, денеска на прес-конференција во партиското седиште рече дека СДСМ и „невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и да ја подгреат атмосферата до момент во...

ИД ја презема одговорноста за нападот на коптите

Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во Египет врз коптските христијани, пренесе агенцијата „Амак“, која е блиска до ИД. „Отсекот за безбедност на Исламска држава вчера изврши напад на автобус со копти“, објави ИД. Последниот биланс од нападот е 29 жртви, соопшти кабинетот на премиерот на Египет, Шериф Исмаил. Министерството за здравство вчера соопшти дека помеѓу жртвите има и голем...

ИД ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Манчестер

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер во кој загинаа 22 лица. Припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавија видео запис во кој велат дека тие се одговорни за нападот. Во експлозијата за време на концертот на американската пејачка Ариана Гранде во Манчестер синоќа загинаа 22 лица, а повредени се 59. Полицијата соопшти дека експлозијата се третира како...

ЛДП бара поништување на „скандалозниот“ договор за изградба на нов клинички центар

Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Рeпублика Македонија, обвинуваат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Оттаму велат дека потпишувањето на ваков договор од страна на лице „кое не е ништо друго, освен пратеник во новиот собраниски...

СДСМ: Пред 11 години долгот изнесуваше 1,8, а денес повеќе од 5 милијарди евра

„Следува период во кој новата влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин,“ велат од СДСМ. Од партијата најавуваат дека ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспарентни трошења на пари на граѓаните од буџетот на државата. „Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт оставајќи јавен долг во висина од...

ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и на СДС

„СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција, Иванов да постапи согласно Уставот

„Во периодот што претстои, неопходна е максимална одговорност од сите, за да се овозможи формирањето на новата влада, што е врвен државен интерес. На граѓаните им е потребна стабилност, потребен им е квалитетен живот и перспективи што ќе им ги отворат евроинтеграциите“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата велат дека пред граѓаните и пред Ѓорге Иванов ќе...

Заев – Бејли: Очекуваме Иванов да постапи според Уставот и да го даде мандатот

Демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на новата влада, кој ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и Европската Унија. Ова денеска на средба заеднички го констатирале лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, соопштуваат од СДСМ. - Парламентарното мнозинство по изборот на новиот претседател на Собранието, ги...

САД го осудиjа нападот врз пратениците, бараат истрага и одговорност

САД силно ги осудуваат нападите врз членовите на македонскиот парламент, изјави Марк Тонер, портпарол на Стејт департментот. – САД силно ги осудуваат насилните напади врз членови на парламентот на Македонија кои следеа по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Во демократските процеси нема место за насилство. Изразуваме најдлабоко сочувство со членовите на парламентот што се повредени и со нивните семејства....

ДС: Упадот во Собранието е подготвено сценарио со учество на раководители од МВР

Демократскиот сојуз бара политичка и правна одговорност за инспираторите, организаторите и за директните учесници во вчерашните насилства во Собранието, во кои беа нападнати пратеници и новинари. Од партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов велат дека насилниот упад е однапред подготвено сценарио со директно учество на високи раководители од Минитерството за внатрешни работи. „Демократскиот сојуз инсистира на кадровски промени во МВР и...

СЕММ: МВР и обвинителството да ги расчистат инцидентите во Собранието и нападите на новинари

Советот за етика во медиумите (СЕММ) бара итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми. „Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив...

СДСМ: Демократските процеси продолжуваат, граѓаните да останат смирени

Демократските процеси продолжуваат по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија, порачаа од СДСМ во редовното утринско соопштение, а по вчерашните случувања и по насилството во Собранието, во кое беа повредени неколку пратеници, меѓу кои и лидерот на партијата, Зоран Заев. „Домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Собранието. Исто така, јасно ја испратија пораката...

Хелсиншки бара одговорност и за полицијата и за нејзините раководители

Осудувајќи го насилството и барајќи одговорност за сторителите, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија вечерва побара одговорност за полицијата и за нејзините раководители. „Видно од многубројните видеоснимки, полицајците задолжени за чување на јавниот ред и мир и на безбедноста на присутните во собраниските сали, дозволија непречен влез на демонстрантите. Влезот им беше дозволен и на лица кои беа...

СДСМ: Иванов е еднакво виновен за крвавото сценарио во Собранието

Иванов, еднакво со Груевски и со Вељаноски, е виновен за крвавото сценарио во Собранието и за тоа ќе сноси сериозна одговорност, стои во реакцијата на СДСМ на вечерашното обраќање на претседателот на државата до граѓаните. „Ѓорге Иванов е извршителот на Никола Груевски. Иванов работеше спротивно на Уставот и на своите должности пред граѓаните, со тоа што го поддржа насилството на Груевски и...

Заев: Не би сакале да се повтори 24 декември, не ги кажуваме тактиките на партијата

„Постојат многу алтернативи, не ги кажуваме тактиките на партијата бидејќи може да предизвикаат чекори од нашиот опонент, па тоа да доведе до несакани состојби. Но, отворено зборувам дека не би сакале да се повтори 24 декември или нешто што е згрозувачко за македонската јавност. Видовме на што се подготвени ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран...

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...