fbpx

Да се уврди одговорност за инцидентот во М-НАВ, бара Платформата на организации против корупцијата

„Бараме од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, да се испитаат и сите индиции за корупција или ризици од корупција во работењето на М-НАВ на кои досега е укажано, токму поради потребата од воспоставување на систем во кој ќе се постапува по сигналите за злоупотреба во работењето“, се наведува во отвореното писмо испратено до медиумите

-

Платформата на граѓански организации против корупцијата, во отворено писмо испратено до медиумите, бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 jануари, соопштија денеска оттаму. Платформата е составена од 18 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување.

„Сметаме дека сите оние кои во своето работно опкружување, особено во јавниот сектор, се залагаат и делуваат против партиски вработувања, без разлика на националната припадност при вработувањата, треба да бидат заштитени“, се наведува во соопштението.

Според нив, каков било напад по оние што се одлучиле да застанат во заштита на законитоста при вработувањата, претставува сериозна закана по доброто управување, борбата против корупцијата и клиентелизмот, и ќе делува обесхрабрувачки за идни слични потенцијални иницијативи на работните колективи во јавниот сектор.

„Борбата против корупцијата е должност на сите, па затоа иницијативите кои доаѓаат од јавниот сектор треба да бидат заштитени и поттикнати. Токму затоа, Платформата бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, да се испитаат и сите индиции за корупција или ризици од корупција во работењето на М-НАВ на кои досега е укажано, токму поради потребата од воспоставување на систем во кој ќе се постапува по сигналите за злоупотреба во работењето. Само на тој начин, системот ќе им демонстрира на досегашните и идните сведоци на корупцијата во рамките на институциите дека има поента да пријават корупција, и дека по нивните сведоштва ќе се постапува“, наведено е во соопштението.

Платформата бара одлучна реакција на полицијата и јавното обвинителство за да се утврди кривична одговорност и овозможи заштита на оние кои пријавуваат, а од Владата како основач на М-НАВ да утврди морална и политичка одговорност кај оние што се вклучени.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...