fbpx

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

-

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 – 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори.

Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот Суд има исполнето 55,61 отсто од индикаторите, во 2017 година 55 отсто, а во 2018 година 57,09 отсто.

ActionSEE препорачува Врховниот Суд да се погрижи за законската обврска за навремено објавување на пресудите.

Инаку, од март 2017 година до септември 2019 година на чело на Врховниот суд беше Јово Вангеловски, кум на поранешниот претседател на Собранието на РСМ, Трајко Вељановски.

Судскиот совет, по разгледување на извештајот, го разреши претседателот на Врховниот Суд Вангеловски. Неговото разрешување е резултат на непрофесионално извршување на функција, врз основа на случајот на неизрекување одлука за притвор на бизнисменот Сеад Кочан во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Јавноста го слушна Вангеловски во бомбите како интервенира за конкретен судски предмет со бившиот министер Миле Јанакиески, потоа во дискусијата на еден владин претставник со соговорник при што ги откриваат компромитирачките моменти за него. Во еден посебен извештај е спомнат и од специјалната обвинителка Катица Јанева како судија, претседател на највисокиот суд, којшто врши партиски влијанија и директиви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...