fbpx

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил дека тој побарал од еден од сопствениците на винарницата на „Боемска“ да ја отворат кафеаната, за да можат да седнат со еден „пријател“.

– Бидејќи не работеше винаријата, замолив еден од газдите дали може да отвори и да седнеме со еден пријател. Тој не ни знаеше кој е. Кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот нѐ послужи со пијалак и поседевме околу час, час и половина. Потоа си заминавме, а сопственикот ја заклучи винаријата – изјави советникот на Чулев, Љупчо Андоновски, пренесува „360 Степени“.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција изјави дека МВР имало неселективен пристап во повикувањето на разговор на Христијан Мицкоски и Љупчо Андоновски, посочувајќи дека во иднина е можно да повикани и други лица на распит.

На новинарското прашање за тоа дали неговиот советник Љупчо Андоновски ќе сноси последици за тоа што го кажал на денешниот распит, министерот Чулев само посочи дека и Мицкоски и Андоновски признале дека ја прекршиле владината уредба поради незнаење, но не најави разрешување на неговиот советник.

– Да видиме како ќе ја завршиме постапката – изјави накратко министерот Чулев на прашањето за тоа дали ќе го разреши советникот Андоновски и не одговори директно на ова прашање.

Христијан Мицкоски беше затекнат како седи во внатрешниот дел од кафеана на почетокот на јуни, а пазарните инспектори се пожалија дека биле попречени да направат контрола во објектот. Тој потоа призна дека седел во кафеаната, но и дека не бил доволно запознаен со протоколите за заштита од корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...