Конференцијата „е-Општество.мк“ почнува на 30 ноември, во фокус демократијата во дигиталната ера

-

Фондацијата Метаморфозис годинава по 17-ти пат ќе ја организира годишната меѓународна конференција „е-Општество.мк“ во периодот од 30 ноември до 3 декември 2021 година. Годинешново издание е на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.

На конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се сретнат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на зададената тема.

На конференцијата ќе се разговара каква е состојбата со демократијата денес, како и за тоа како технологијата ја обликува дефиницијата за добро владеење и граѓанскиот ангажман во современи услови. Тема на дискусија ќе бидат и предизвиците на дигиталната ера со посебен фокус на дезинформациите и безбедноста на интернет.

Со цел промовирање на вредноста на податоците во дигиталната ера, во рамки на конференцијата „е-Oпштество.мк“ ќе се одржи и Хакатон за отворени податоци. Основната цел на Хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Конференцијата ќе биде во хибриден формат, при што првиот и последниот ден од конференцијата (30 ноември и 3 декември) ќе се одржат во хотелот „Панорамика“. Дел од учесниците ќе имаат прилика да ги следат сесиите со физичко присуство, а останатите учесници можат да ги следат online преку платформата ZOOM.

Агендата за настанот може да ја погледнете тука: Агенда- е-Општество.mk 2021.

Сите заинтересирани лица за учество на конференцијата може да се регистрираат на следниов линк.

Првите 40 регистрирани ќе имаат можност физички да присуствуваат на првиот ден од конференцијата (30 ноември) и на последниот ден од конференцијата (3 декември).

Согласно протоколите за ковид-19, за сите учесници задолжително е поседување на еден од задолжителните ковид-19 документи: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози од вакцината против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...