вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: СВР Штип | 22 резултати

По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни лица

јули 27, 2020

Откако викендов Агим Нухиу го презеде министерското столче во Министерството за внатрешни работи од техничкиот министер Наќе Чулев, во согласност со законските одредби за функционирање на техничката влада од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето […]

Првата пратка обрасци за пасоши пристигнува на шести март

февруари 28, 2020

Заменската министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска најави дека проблемот со недостиг на обрасци за пасош веќе се решава. „Првата пратка очекуваме на шести март да биде испорачана и на тој начин ќе почнеме да се враќаме во една нормална состојба на испорака на патните обрасци“, рече Петровска. При престојот денеска во СВР Штип, Петровска […]

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

јануари 10, 2020

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на […]

По смените во СВР Штип од претходниот министер, се очекуваат нови назначувања од Чулев

јануари 9, 2020

Во последните денови од министерувањето на Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, тој направи две клучни смени – на врвот на СВР Штип и на врвот на кочанската полиција, а сега во Штип на големо се шпекулира дека техничкиот министер на МВР, Наќе Чулев ќе го смени неодамна назначениот началник на СВР Штип и […]

Во Штип изминава година биле запалени 23 возила, од нив шест намерно

декември 31, 2019

Изминатава година црната хроника од Штип беше полна со вести за запалени возила. Еден значаен дел од нив се однесуваше на скапи автомобили и луксузни џипови на луѓе од бизнисот. Новинарите и пожарникарите на крајот од годината заедно ги броеја запалените возила и стигнаа до бројка од 23. Полицијата објаснуваше дека бројката е преувеличена. Повеќето, […]

Четири куќи и викендичка изгореа во изминативе четири дена во Штип

август 8, 2019

Деновиве зачестија пожарите во домовите во двете општини Штип и Карбинци. Само во изминатите неколку дена изгореа четири куќи и една викендичка. Последниот пожар се случи денеска околу пладне, во кој целосно изгоре викендичка на потегот меѓу селата Таринци и Карбинци. Едно повозрасно лице е повредено во денешниот пожар, кое со опекотини на телото завршило […]

Кривична пријава за поранешниот штипски градоначалник Захариев

април 2, 2018

Секторот за внатрешни работи Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  и две кривични  дела „несовесно работење во службата“. „И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и […]

СВР Штип околу Нова година запленил три килограми марихуана – двајца притворени

јануари 2, 2018

Секторот за внатрешни работи Штип во два одвоени случаи запленил околу три килограми марихуана и поднел кривични пријави против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекузори. Во едниот случај, кривична пријава е поднесена против 33-годишниот штипјанец Б.М. во чиј, при претрес полицијата […]

Кривична пријава против градоначалникот на Берово оти патувал без налози

октомври 6, 2017

Кривична пријава против Драги Наџински, градоначалникот на Берово, поднела надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) од Берово во соработка со одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, соопшти МВР. Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство Берово стои дека Д.Н. (59) од Берово сторил злоупотреба на службената положба и овластување. Според […]

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

септември 21, 2017

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против градоначалникот на општината, Илчо Захариев, со која го товари за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што стои во соопштението, Захариев како градоначалник на општина Штип, ја искористил службената положба и овластување и склучил штетен договор со локална фирма, […]

Беровец тврди дека бил нападнат од физиотерапевт од болницата во Штип

мај 25, 2017

Беровецот Адем Чандаров, тврди дека бил нападнат од физиотерапевт, вработен во Клиничката болница во Штип, затоа што додека бил на посета, побарал помош за неподвижна болна пациентка. Раководството на болницата, пак, го тврди спротивното и од таму велат дека нивниот вработен се здобил со повреди на раката, крв увото, носот, за што има и лекарско […]

Началникот на СВР Штип не го пречека, но разговараше со заменик-министерот Андонов

октомври 5, 2016

Новиот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Љупчо Трајковски, не излезе пред влезот да го пречека дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска беше во посета на СВР Штип. Андонов, во изјава за новинарите, ова го протолкува како јасен показател за сериозните недоразбирања меѓу него и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. […]

Кривична за осуденик од штипскиот затвор бидејќи нудел поткуп на полицајци

април 8, 2016

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против осуденик во штипскиот затвор, кој се товари дека на двајца полициски службеници им нудел поткуп, информира МВР. Според полициските информации, 41-годишниот В.Е. од Кочани на 17 март оваа година, двапати на двајца полициски службеници им понудил сума од 50 евра за да му го вратат мобилниот […]

Излажал дека е полицаец за да смени фалсификувана банкнота од 100 долари

февруари 17, 2016

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против 40-годишниот А.П., жител на градот, осомничен за фалсификување пари и за лажно претставување. Како што информираат од полицијата, осомничениот кон крајот на октомври минатата година, во менувачница во Штип пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 американски долари. Кога вработениот во менувачницата се посомневал во автентичноста […]

Пожарите на два автомобила во Штип не биле подметнати

јануари 26, 2016

Штипската полиција денеска соопшти дека пожарите во кои на 20 јануари изгореа две возила, а уште три беа оштетени, не биле подметнати туку настанале поради неисправна електрична инсталација во возилата. – Водени се разговори со сопствениците на возилата и со очевидци, при што е констатирано дека не постојат основи за соменвање дека пожарите на возилата, […]

Во пожар изгореле два автомобили во Штип

јануари 20, 2016

Утрово, околу 5.10 часот, од засега непознати причини настанал пожар на две возила, паркирани на улицата Никола Карев во Штип, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во пожарот целосно изгореле автомобил, марка „ауди а4“, соопственост на 26-годишниот П.М. и автомобил „фиат брава“, сопственост на Д.Ј. (36), двајцата од Штип. Според полицијата, штипската територијална противпожарна единица […]

Двајца радовишани осомничени за оштетување експонати во локалитетот Баргала

декември 14, 2015

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против две момчиња од Радовишко, осомничени дека на средината од ноември оштетиле 10 керамички садови во археолошкиот локалитет Баргала во Штип. Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.У. (19) од радовишкото село Али Коч и С.С. (18) од селото Парналија, исто така кај Радовиш, кои, според пријавата, […]

Оштетени 12 експонати во археолошкиот локалитет Баргала

ноември 11, 2015

Вчера од Заводот за заштита на споменици – Музеј Штип во полиција било пријавено дека на археолошкиот локалитет Баргала, непознат сторител оштетил 12 керамички садови кои биле поставени како експонати. Екипа на Секторот за внатрешни работи Штип извршила увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување на случајот.

Страна 1 од 1