Се огласи семејството на момчето кое уби 10 луѓе во белградското училиште „Владислав Рибникар“

На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден немо плачеме од неизлечива болка, се огласило семејството

-

Семејството на К.К., седмоодделенецот кој со пиштолот на неговиот татко во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, уби 10 и повреди уште пет лица, по повеќе од 20 дена од масакрот, упатило сочувство до сите семејства на загинатите, пренесува Н1.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден немо плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Вечно во тага“, изјавиле од семејството, а пренела адвокатската канцеларија што ги застапува.

Нивниот син К.К., тринаесетгодишен ученик од седмо одделение, утрото на 3 мај на училиште со огнено оружје уби осум ученици и училишниот чувар Драган, а рани уште шест лица. Една од ранетите ученички, со тешки повреди на главата, им подлегна на повредите на 15 мај.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, денеска изјави дека едно од повредените момчиња во масакрот во Белград, со сериозни повреди на вратот и на р’бетот, најверојатно ќе го продолжи лекувањето во Чикаго, САД.

Мајката на момчето беше сослушана во Вишото јавно обвинителство и сè уште е неизвесно дали таа ќе одговара за случајот. Таткото на К.К., со чие оружје беше пукано, се наоѓа во притвор, додека детето е под надзор во психијатриска установа.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...