Учениците од „Владислав Рибникар“ во Белград се враќаат во школо со посебна наставна програма

Во 18 часот денеска во Градското собрание, ќе се одржи комеморација за жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“

-

Една недела по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, учениците се враќаат во училишните клупи, пренесуваат српските медиуми. Родителите се повикани дека доколку имаат потреба, можат да дојдат со децата на училиште, кои денеска денот ќе го поминат со своите класни раководители, а ќе бидат одржани два часа.

Активностите, како што пренесуваат српските медиуми, ќе се прилагодуваат на потребите на децата, а родителите, наставниците и учениците ќе можат да разговараат со психолозите во училиштето.

Вчера Советот на родители одржал два состанока и била донесена одлуката да се почитуваат препораките на Министерството за образование, психолозите и на експертите и дека децата треба да се вратат на своите рутини.

Полицијата денеска го обезбедува влезот во училиштето.

Претставници на ресорните министерства, наставници, родители и психолози работат на плановите за училишната настава за текот на идната недела, известува РТС.

Во 18 часот денеска во Градското собрание, ќе се одржи комеморација за жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“. На комеморацијата ќе присуствуваат само семејствата на жртвите, вработени во училиштата, ученици и нивните родители, соопшти Министерството за образование.

Минатата недела во Србија за само 48 часа се случија два масакра – во средата, на 3 мај, седмоодделенецот К.К. (13) од ОУ „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум свои соученици и чуварот во училиштето, а повреди уште седум. Утредента, У.Б. (21) кај Младеновац, уби осум луѓе, а рани 14.

Министерката за здравство Даниела Грујичиќ вчера, соопштувајќи ја здравствената состојба на повредените изјави дека по пукањето кај Младеновац, две момчиња се во шок соба. Кај девојчето со повреди на главата, рече дека ќе следи операција на левото око со цел да се отстрани куршумот. За едно од девојчињата, повредено во пукањето во белградското училиште, Грујичиќ рече дека „состојбата е многу тешка“, додека ученикот со повреда на р`бетот е „потполно буден“.

Седмоодделенецот кој пукаше во свои соученици е под психијатриски надзор, додека во притвор до 30 дена е неговиот татко, В.К., со чие оружје пукаше момчето. Мерка притвор до 30 дена му е одредена и на У.Б., кој уби осум луѓе кај Младеновац. Српските медиуми соопштуваат дека утрово бил уапсен и неговиот татко и тој ќе биде задржан во полициска станица до 48 часа, по што ќе се знае дали обвинителството ќе бара мерка притвор.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...