Преку манипулација со датуми неточно се тврди дека Украина е виновна за масовните гробници во Изиум

-

На социјалните мрежи се шири фотографија со којашто свесно се манипулира и се креира погрешно мислење во јавноста за руската инвазија во Украина и тоа кој е одговорен за смртта на загинатите и закопаните во масовните гробници. Тврдењето дека Украинците се одговорни за овие масовни гробници немаат никаква врска со реалната состојба на терен. Руските воени сили се одговорни за смртта на многу лица која настанала уште пред  да биде градот под целосна руска окупација. Официјални податоци говорат дека Изиум бил заземен од руските воени сили на 1 април, но дека многу претходно – уште од 28 февруари, започнале воените интервенции на тој град, при што дел од неговите жители биле евакуирани, некои биле повредени, а некои од нив и загинале, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во објава  на Фејсбук е споделена фотографија од пронајдена масовна гробница во Украина за која се тврди дека датумот на смртта на гробовите прикажува дека убиствата не ги направила Русија туку самата Украина. Ова е манипулација и неточна информација.

Украина му соопшти на целиот свет дека во близина на Изум е пронајдена масовна гробница на луѓе кои наводно биле „мачени и егзекутирани од Русите. Шефот на кабинетот на претседателот, Јермак, како доказ наведе две фотографии.
Тоа е само лоша среќа: датумот на смртта на гробовите: 9-ти март. Дозволете ми да ве потсетам дека руските трупи го зедоа Изиум под контрола на 1 април. Односно, Украинците биле закопани овде уште пред доаѓањето на руските војници? Кој тогаш мачел и егзекутирал? Не се истите Украинци?
Да, непријатно е…, се вели во постот.

Масовната гробница на која се испишани имиња и презимиња на починатите заедно со нивните датуми на раѓање и датумот на смртта беше пронајдена пред неколку денови во градот Изиум во Украина.

Она со коешто се манипулира е тврдењето дека Русија не ги извршила убиствата туку за нив е виновна Украина. Ова се темели на датумот на смртта што е прикажан на гробовите а тоа е 9 март. Заклучокот во објавата е дека руските воени сили не ги извршиле убиствата затоа што градот го заземале под контрола на 1 април и дека Украинците биле закопани пред доаѓањето на руските војници. Но, ова е манипулација.

Што навистина се случило и чии се тие гробови?

Градот Изиум е дел од територијата на Источна Украина која беше окупирана за време на руската инвазија на Украина во 2022 година. Битката започна во март 2022 година за контрола на градот Изиум поради важноста на градот како транспортен јазол. Руската војска сакаше да го заземе Изиум за да може нејзините сили во Харковската област да се поврзат со нивните трупи во регионот на Донбас.

На 10 септември 2022 година, украинските сили повторно го зазедоа градот за време на украинската контраофанзива на Харков. Тогаш беа пронајдени локални масовни гробници со 440 трупови, што претставува 2 отсто од населението на Изиум по 6 месеци руска окупација.

Серхи Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков, изјави за Скај њуз дека ќе бидат спроведени форензички истраги за секое тело и дека некои од починатите загинале од артилериски оган, а некои загинале поради воздушни напади.

Имено, фотографијата од Фејсбук објавата, на која се прикажани гробови со имиња, презимиња и датуми на раѓање и умирање се, всушност, на едно семејство од шест членови кои што загинале на 9 март како резултат на бомбардирањето на руските воени сили. Станува збор за две девојчиња на шест и осум години, нивните родители и нивните баба и дедо.

Впрочем, овие гробови се едни од ретките со имиња и презимиња пронајдени во овој град. Останатите повеќе од 400 гробови се без никакви ознаки, имаат само крстови, како што може да се види и во ова видео направено од новинари на Радио Слободна Европа.

 

Тврдењето дека градот бил заземен од руските сили во април е точно, но воздушните напади на местото започнале многу порано па така тврдењето дека поради тоа што градот бил окупиран во април значи дека руската војска не е виновна за смртта на ова семејство, е неточно.

Некои руски напади врз Изиум започнаа да се случуваат од 28 февруари 2022 година, со континуирани ракетни напади од страна на руската војска кои започнаа на 3 март. Осум цивили беа убиени на 3 март. Следниот ден, руските сили напредуваа кон Изиум и стигнаа до неговите северни периферии.

Помеѓу 9 и 12 март, Амнести интернешнал интервјуирале 26 жители на Изиум, веднаш по нивната евакуација во Свјатохирск, град во регионот Доњецк.

„Сведоштвата што ги собравме од Изиум го откриваат теророт што го доживува цивилното население во градот, заробено во нивните подруми без речиси никаква храна и вода и под постојан напад“, велат од АИ во нивниот извештај објавен на 16 март.

До 6 март, руската војска имала контрола над две населби на Изиум и нејзината железничка станица.

Вечерта на 7 март, руските онлајн-изданија објавија дека Изиум бил преземен од руските сили, тврдење кое не беше официјално потврдено. Помеѓу 9 и 10 март, 2.250 цивили биле евакуирани од Изиум, додека руските сили продолжиле полека да напредуваат кон градот.

На 1 април, украинската војска потврди дека Изиум е под руска контрола.

Сите овие официјални податоци говорат дека Изиум бил заземен од руските воени сили на 1 април, но дека многу претходно започнале воените интервенции на тој град при што дел од неговите жители биле евакуирани, некои биле повредени, а некои од нив и загинале.

Тврдењето дека Украинците се одговорни за овие масовни гробници немаат никаква врска со реалната состојба на терен. Руските воени сили се одговорни за смртта на многу лица која настанала и пред официјално  градот да биде целосно под руска окупација.

Преку една фотографија со којашто свесно се манипулира на социјалните мрежи, се создава погрешно мислење во јавноста и се шири пропаганда за руската инвазија во Украина и тоа кој е одговорен за смртта на загинатите и закопаните во масовните гробници.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...