fbpx
Таг: масакр

таг: масакр

Џафери во Украина, ги посети и Буча и Ирпин каде беа убиени стотици цивили

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера беше во посета на Украина, на официјална покана на неговиот украински колега, претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, при што имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Џафери, беше и во населбата Буча и градот Ирпин, каде руските војски извршија масакр на стотици цивили во текот на нивната окупација, соопшти Собранието...

Крвав Велигден во Украина – почнува третиот месец од руската инвазија

Денешниот ден е почетокот на третиот месец од руската инвазија на Украина, што донесе еден од најголемите ужаси на европска територија во 20. и 21. век, со десетици илјади мртви и милиони раселени, со многу населени места претворени во урнатини. Велигден за десетици милиони Украинци што се уште во земјата или се раселени во странство минува во знакот на војната,...

Вистиномер: Ако покрај телата на цивилите во Буча немало крв, тоа не значи дека немало и злосторства

Сателитските снимки од теренот, кои беа објавени од страна на медиумите, покажуваат дека некои од телата на убиените во Буча биле во иста позиција со недели, што значи дека дури и да имало крв, таа веќе би била отстранета од атмосферски настани во моментот кога се направени фотографиите и кога новинарите влегле во Буча, предградие на Киев во Украина,...

Вистиномер: Манипулација е да се тврди дека мртвите тела во Буча се исценирани

Тврдењето дека мртвите во Буча се исценирани се базира на фотографија на која се гледаат оштетени неколку автомобили и едно оклопно возило, а во позадина, наводно прозорците на околните згради биле неоштетени. Фотографијата не е можно да била снимена во Буча, бидејќи истата е објавена на 30 март, додека руските трупи се уште го држеа под контрола градот Буча....

Германското разузнавање пресретнало радиокомуникација на Русите со која се потврдува масакрот во Буча

Германското разузнавање пресретнало радиокомуникација на руската војска во врска со убиствата на цивили во Буча, Украина, каде беше извршен масакр на стотици граѓани. Изгледа дека ова злосторство било дел од план, пишува германскиот магазин „Шпигел“, кој екслузивно ги пренесува наодите на германското разузнавање. Bundesnachrichtendienst (BND), германската служба за надворешно разунавање ја пресретнало радиокомуникацијата што директно се поврзува со фотографиите на...

Русија целосно се повлече од Чернихив и Кијив, се насочува кон Донбас

Сите руски трупи од регионите Чернихив и Кијив се повлечени, соопшти Пентагон вчера. Но, според ситуацијата на терен, како што известува Би-би-си, тоа не значи деескалација на војната, оти Русите сега се насочуваат кон регионот Донбас и се прави обид да се заобиколат украинските одбранбени сили таму. „Руските сили во близина на Кијив и Чернихив целосно се повлекоа од тие...

Четириесет загинати во напад на две џамии во Нов Зеланд

Четириесет лица загинаа, а 20 се тешко повредени во терористички напад врз две џамии во Крајстчрч во Нов Зеланд кој се случи за време на попладневните молитви. Австралиецот Брентон Тарант (28) отворил оган од автоматско оружје, а сето тоа директно го пренесувал на „Фејсбук“. Претходно на „Твитер“ напаѓачот објавил манифест од 74 страни зошто го прави тоа. Себе си се...

Загрозениот сведок во „Монструм”: Слушнав истрели пред да ги видам телата

Пред да ги види телата на четирите убиени момчиња кај Смиљковското Езеро, загрозениот сведок Е1 слушнал и повеќе истрели, рече тој на денешното судско рочиште за случајот „Монструм”. Сепак сведокот потенцираше дека не видел кој пукал, а прашан зошто сега првпат кажува дека слушнал истрели, рече дека не бил прашан. Адвокатот Насер Рауфи реагираше дека сведокот досега сведочел осум пати,...

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кои се изјаснија дека не...

Убиени 59 Палестинци – масакр на протест против амбасадата на САД во Ерусалим

Во вчерашните крвави судири во Појасот Газа загинаа 59 Палестинци, а повредени се 2.771, од кои половината имаат прострелни рани. Меѓу загинатите е и едно осуммесечно бебе, кое се задушило од солзавец. Протестите во Газа беа насочени против преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим, како и против десетгодишната блокада на Газа од страна на Израел и Египет. Многу земји...

СЈО го презеде случајот „Монструм“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во одговорите на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беа објавени три нови случаи, рече дека Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година. - Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се...

Во Белград програмер убил колега, ранил двајца, па се разнел со бомба

Младиот програмер Небојша С. (30) денеска во Белград убил свој поранешен колега и ранил двајца, по што се разнел со бомба, јавија српските медиуми. Убиецот пред неколку дена добил отказ во софтверската фирма „Стопански советник за информациски технологии“, а денеска се вратил таму, прво ја поздравил колешката и ладнокрвно се качил на катот. Потоа влегол во една канцеларија каде имало...

Пет години од петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Точно пет години навршуваат денеска од петкратното убиство кај Смилковско Езеро, кога со огнено оружје беа застрелани четири момчиња од населбата Радишани и маж од селото Црешево. На Величетврток во 2012 година убиени беа четворица другари на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски. Убиствата се случиле меѓу...

Уапсена сопругата на напаѓачот од Орландо кој уби 50 лица во ЛГБТ-клуб

Американските власти ја уапсија сопругата на Омар Матин, кој во јуни минатата година во напад на ЛГБТ-клуб во Орландо уби 50 лица. Матин тогаш беше убиен во престрелка со полицијата. Неговата сопруга Нур Салман, била уапсена во нејзината куќа во предградие во Сан Франциско. Таа се соочува со обвинувања за попречување на правдата и за давање материјална поддршка на странска терористичка...

Масакрирани 22 цивили во Конго

Најмалку 22 цивили се убиени за време на викендов во масакр во провинцијата Северен Киву во Конго, соопштија локалните власти. Претставникот на провинцијата Северен Киву, Амиси Калонда, изјави дека „крвопролевањето“, за кое ги обвини бунтовниците од Уганда, се случило во градот Ерингети, кој е погоден со бран напади во кои настрадаа повеќе од 700 цивили. Калонда наведе дека за вчерашниот напад...

ОН: ИД масакрира цивили во близина на Мосул

Обединетите нации соопштија дека добиле извештаи оти Исламска држава масакрирала цивили во Ирак, додека ирачките владини сили се приближуваат до Мосул, последното прибежиште на ИД во земјата. Комисијата за човекови права на ОН соопшти дека околу 70 тела со рани од куршуми се откриени во куќа во село во близина на Тулул Насер, околу 35 километри јужно од Мосул. Од...

Масакр во дом за лица со посебни потреби во Јапонија

Деветнаесет лица се убиени, а 45 се повредени откако 26-годишен маж утринава упаднал во дом за немоќни и за лица со посебни потреби во јапонскиот град Сагамихара и почнал да напаѓа со нож. Осумнаесет од повредените лица се во критична состојба. Напаѓачот подоцна сам ѝ се предал на полицијата. Засега не се открива неговиот идентитет, но се соопштува дека самиот се...

Македонски ЛГБТИ-центар и коалиција СЗПМЗ: Нападот во Орландо е хетерофашизам

Од ЛГБТИ-центарот за поддршка и Коалицијата Сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници денеска изразија загриженост и жалење по повод вчерашниот напад врз клубот за хомосексуалци во Орландо, Флорида, во кој животот го изгубија 50, а ранети беа уште 53 ЛГБТИ-луѓе. Оттаму изразуваат сочувство кон сите пријатели, партнери и семејства на загинатите, кон сите нехетеросексуалци во Орландо кои во овој напад...

Обама: Масакрот во Орландо е чин на терор и на омраза

Американскиот претседател, Барак Обама, го осуди најголемиот масакр во современата историја на САД, во кој 50 луѓе беа убиени во клуб за хомосексуалци во Орландо на Флорида, нарекувајќи го чин на терор и на омраза. - Сега знам доволно за да можеме да кажеме дека тоа е чин на терор и на омраза. Но, никаков акт на терор и на омраза...

Масакр во Мосул, ИД убила 300 лица

Припадници на џихадистичката организација Исламска држава извршиле масакр во северниот ирачки град Мосусл, каде погубиле 300 лица, објави ирачкиот портал „Алмада прес“. - Терористите од Исламска држава извршиле нов масакр во Мосул, каде убиле 300 жители на градот – соопшти претставник на бунтовниците, Махмуд ел Сурџи. Тој прецизираше дека повеќето убиени се припадници на полицијата и на војската, но дека меѓу...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...