fbpx

Во Црна Гора тродневна жалост по масовното убиство на 11 луѓе во Цетиње

-

Тродневна жалост прогласи вчеравечер владата на Црна Гора, по масовното убиство на 10 луѓе што се случи попладнето во Цетиње, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ). Убиецот е 11-от загинат во крвавиот масакр.

Одлуката донесена на виртуелна седница подразбира дека денеска, утре и задутре во Црна Гора се денови на жалост, откако во цетинската населба Медовина, вчера попладнето 34-годишен маж го изврши масакрот, во којшто 11 луѓе – меѓу кои има и деца – ги загубија животите, а шестмина беа ранети.

Напаѓачот потоа бил убиен, најверојатно од полицијата, но според очевидци што зборуваа за РТЦГ, можно е и да бил убиен од друг жител на Медовина.

Како што вчеравечер соопшти директорот на Управата за полиција, Зоран Брѓанин, околу 15.30 часот вчера 34-годишниот В.Б.од Цетиње, пукал првин на неговите потстанари, при што ги убил двете деца, едното на возраст од осум, другото на возраст од 11 години, а ја ранил нивната мајка, која подоцна во медицинска установа им подлегнала на повредите. Потоа излегол од улица и од истото оружје пукал на жители на Медовина, при што убил уште седум лица, а ранил шест, извести Брѓанин, пренесува РТЦГ.

Според неофицијални информации, напаѓачот се викал Вук Бориловиќ.

Брѓанин рече дека точните мотиви за грозоморниот масакр допрва треба да се утврдат, појаснувајќи дека по дојавата од граѓани, полицијата интервенирала и дошло до размена на оган, при што еден полицаец бил ранет.

Според досегашните сознанија, на крвопролевањето му претходела кавга, а масовниот убиец имал ловечка пушка.

Официјално, деталите уште се утврдуваат, порача директорот на Управата за полиција.

Во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четиримина од ранетите, а двајца од нив се во болницата во Цетиње. Од четиримината во Клиничкиот центар еден е во животна опасност, пренесува РТЦГ.

Сочувство за најкрвавиот инцидент во новата историја на Црна Гора изразија државниот врв, голем број функционери, странски амбасадори и странски државници, меѓу кои и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...