fbpx

Конспирационистот Алекс Џоунс ќе плати над 4 милиони долари поради дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

-

Судската порота во американскиот град Остин во Тексас, вчера му одреди парична казна од над 4 милиони долари на познатиот конспирационист Алекс Џоунс, како отштета за родителите на 6-годишно момче убиено во масакрот од 2012 година во училиштето „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, јави АП. Нил Хеслин и Скарлет Луис, таткото и мајката на Џеси Луис, кој заедно со 19 други ученици и шестмина учители, загинаа во нападот на училиштето во 2012 година, побараа отштета од 150 милиони долари поради нарушување на угледот и намерно нанесување емоционални повреди, но поротата одреди само 4 милиони.

Алекс Џоунс долго време во своите емисии на „Инфоворс“ (Infowars) и настапи тврди дека масакрот во „Сенди Хук“, еден од најсмртоносните училишни инциденти во историјата на САД, е инсцениран за да се воведат построги мерки за поседувањето и носењето оружје. Џоунс вели дека сцените се изрежирани и всушност немало масакр.

Ова е првпат основачот на „Инфоворс“, онлајн медиум познат по ширењето дезинформации и теории на заговор, како и самиот медиум, да добијат парична казна за негирањето на масакрот во „Сенди Хук“.

На судењето, адвокатот на Џоунс, кој не се појави во судница, побарал поротата да одреди отштета од само 8 долари – по еден долар за секоја точка од обвинението, а самиот Џоунс рекол дека отштета над 2 милиона долари „ќе нè потопи“, извести АП.

Претходно, во речиси идентичен судски случај покренат од семејствата на други жртви во масакрот и од агент на ФБИ што работел на случајот, судија во Конектикат исто така го прогласи Џоунс за виновен.

Напишете коментар

Scars Above скриншот од играта на Steam

Српската фирма Studio Mad Head Games ја направи играта Scars Above што делува како високобуџетна игра

Српската фирма Studio Mad Head Games ја направи играта Scars Above што делува како високобуџетна игра. Во Србија во последниве неколку години правењето компјутерски игри преку специјализирани фирми стана...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free
download micromax firmware
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download