Порталб: Не се знае кога ќе се отстрани модуларната болница во Тетово, иако помина една година од трагедијата

-

Наскоро навршува една година од трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица, а опожарениот објект сѐ уште не е отстранет. Здравствените власти за Порталб.мк велат дека во тек е постапка за собирање понуди за отстранување на тоа што останало, пишува Портал.мк.

За многу граѓани овој објект се претвори во ноќна мора и буди тажни спомени секогаш кога ќе го видат. Во меѓувреме, деца од околните маала поминуваат и играат во објектот, што не е безбедно. Во близина на опожарената зграда денеска се паркираат и автомобили, а во близина може да се забележи и мини депонија со отпадоци.

Од Министерство за здравство (МЗ) и Тетовската болница велат дека објектот наскоро ќе биде отстранет, но без да наведат конкретен рок.

„Фазата на проценка на вредноста, која беше спроведена минатиот месец, веќе е завршена. Во моментов тече постапка утврдена со закон за прибирање понуди за отстранување на преостанатите делови од објектот“, соопштија од МЗ и Тетовската болница.

Потсетуваме, Обвинителството им даде согласност на институциите за отстранување на остатоците од објектот.

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за случајот со опожарувањето на болницата.

Се дознава дека станува збор за поранешниот директор на болницата, здравствениот директор, раководителот на КОВИД Центарот и Тетовската болница како правен субјект, но имињата не се потврдуваат официјално.

„Јавното обвинителство и во овој, како и во секој друг предмет во кој постапува, ја штити пресумпцијата на невиност и не го објавува идентитетот на осомничените или обвинетите. По поднесувањето на обвинителниот акт, предметот продолжува со судска постапка во Основниот суд Тетово“, соопштија од Обвинителството.

Првите двајца се товарат по член 292, а во врска со член 288 од Кривичниот законик за – Тешки кривични дела против општата сигурност.

Трето – обвинетиот за кривично дело Непочитување на здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Правното лице се товари за кривичното дело – Предизвикување општа опасност по член 288 и Непостапување согласно здравствени прописи за време на епидемија според член 206.

Обвинителството на Тетово поднесе пријава до Судот во Тетово, но истото се очекува да биде процесуирано после 15 август, кога судиите ќе се вратат од годишен одмор, и  потоа ќе продолжат и другите постапки.

„Начинот на кој избувнал пожарот е утврден со вештачење на локални и германски експерти, чии наоди обвинителството ги објави во текот на постапката“, заклучија од Обвинителството.

Во извештајот на крим-техниката било проценето дека пожарот настанал од краток спој во приклучниот кабел на дефибрилаторот.

Страшниот пожар што ја претвори во пепел модуларната болница во Тетово, со себе однесе 14 животи на пациенти кои се лекувале од ковид-19, но и членови на семејствата кои биле внатре. 14 лица беа спасени пред објектот целосно да изгори.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...