среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: условна казна | 18 резултати

Медицинската сестра која лажно вакцинираше доби 6 месеци условна казна и одземена ѝ е лиценцата

11 декември 2022

Овој пост што се споделува на Фејсбук е со пропуштен контекст. Во постот не се споделува линкот кој води до целосниот текст на Дејли Мејл, туку само насловот, па се добива впечаток дека поранешната медицинска сестра е ослободена. Но, тоа не е така. Кога ќе се отвори текстот на Дејли Мејл, може да се прочита […]

Условни казни за инцидентите пред Собрание во јули добија уште шестмина обвинети

16 август 2022

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје уште шестмина обвинети за инцидентите, кои на 5 јули се случија пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни. Тие признаа вина за настаните пред законодавниот дом и добија осуда за кривично дело „учество во толпа“. „Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа […]

Седуммина признаа вина и добија условни казни за инцидентите на протестите против францускиот предлог

26 јули 2022

Условна казна затвор добија седумте млади лица на возраст од 18 до 36 години кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело, односно за инцидентите на протестите против францускиот предлог што се одвиваа пред Собранието на РСМ на почетокот на јули годинава. Момчињата признаа вина пред судот, по што судијката им […]

Миле Јанакиески призна вина и доби условна казна од 2 години за набавката на кинеските автобуси

10 март 2022

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети лица денеска признаа вина во судскиот процес „Дизајн“ којшто се води за набавката на кинеските автобуси „Јутонг“ за ЈСП-Скопје во периодот од владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Откако тие признаа вина, Основниот кривичен суд Скопје објави дека Јанакиески и двете други обвинети се осудени на […]

Половина од предизвикувачите на сообраќајки со жртви добиваат условни казни

30 јануари 2022

Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на лицето што ја предизвикало сообраќајката му била изречена условна пресуда, говорат податоците од Основниот кривичен суд за периодот од 2017 до крајот на 2021 година. Во само три случаи била изречена казна од четири години затвор, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го […]

Условна казна затвор за автор на коментар со омраза напишан на Фејсбук-страницата на ЗНМ

29 декември 2021

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести за судска пресуда во корист на здружението. Станува збор за случај кога од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук-страницата на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик […]

Осомничените за царскиот рез во Битола​ добија условни казни затвор и глоба од 1000 евра

6 мај 2021

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека е постигната спогодба со трите осомничени лица – двајца специјалисти гинеколози од Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола и странска државјанка која без соодветна лиценца за работа од лекарската комора во земјата, правела царски рез во Клиничката болница во Битола на […]

Александар Чапаровски доби условна казна по обвинението за поткуп

27 февруари 2018

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој беше обвинет за поткуп, доби условна казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. Го пријавил родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал […]

„Твитер“ за пресудата за Талевска: Република Условна Македонија…

19 февруари 2018

Откако Кривичниот суд денеска и одреди условна казна од две години затвор на новинарката Ивона Талевска, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело, на социјалните мрежи има многу коментари на негодување за казната која ја доби Талевска за затајување данок во случајот „Тифани“ на СЈО. Дел од корисниците гневни […]

Ивона Талевска доби две години условна казна за „Тифани“

19 февруари 2018

Кривичниот суд во Скопје денеска на новинарката и уредничка во „Сител“ и одреди условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело. Талевска, според пресудата, ќе треба да ја врати и целата сума, за кој беше обвинета во случајот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, а […]

Ристевски за „Шамари“ – кој признава, добива шест месеци условна затворска казна

30 ноември 2017

Поранешниот советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристевски, обвинет за насилствата пред Општината од јуни 2013 година, случај во јавноста познат како „Шамари“, денеска од Кривичниот суд во Скопје беше осуден на шестмесечна условна затворска казна, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело. Пресудата денеска ја соопшти судијката Татјана Михајлова, […]

Села: Јасно е кои се нарачателите на насилствата, треба да одговараат пред правдата

25 мај 2017

„Мислам дека нема потреба од многу докази, се беше јасно и се случуваше пред очите на јавноста. Сите тие кои си земаа за право и влегоа во Собранието, треба да одговараат пред органите на правдата ако сакаме да имаме правна држава,“ изјави претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, откако даде исказ […]

Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

18 мај 2016

Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“, е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело […]

Апелацискиот суд му даде условна казна на Дејан Ставриќ

8 февруари 2016

Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по жалба за случајот со докторот Дејан Ставриќ, ја потврдил првостепената пресуда на Кривичниот суд против лекарот, но ја преиначил во делот на висината на казната. Наместо една година ефективен затвор, Апелацискиот суд сега на Ставриќ му изрекол условна казна од една година, пренесува порталот „Академик“. „Наместо една година казна затвор, […]

Страна 1 од 1