fbpx

Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

-

Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело.

Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“, е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело учество во толпа што ќе стори кривично дело.

Покрај пресудата, Кривичниот суд донел одлука да му го прекине куќниот притвор на студентот, што му беше одреден веднаш по поднесувањето на кривичната пријава.

Ова е прва пресуда за демонстрант од протестите што траат повеќе од еден месец, а започнаа по одлуката на претседателот Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници.

Утре, како што пишува „Академик.мк“, треба да продолжи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владмир Куновски, а во петок е закажано судењето на Филип Наковски и Никола Аризанов. Сите четворица сè уште се наоѓаат во куќен притвор.

Тие се товарат дека со демолирањето на народната канцеларија на претседателот предизвикале вкупна материјална штета од 522.000 денари или 8.500 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...