fbpx

Медицинската сестра која лажно вакцинираше доби 6 месеци условна казна и одземена ѝ е лиценцата

-

Овој пост што се споделува на Фејсбук е со пропуштен контекст. Во постот не се споделува линкот кој води до целосниот текст на Дејли Мејл, туку само насловот, па се добива впечаток дека поранешната медицинска сестра е ослободена. Но, тоа не е така. Кога ќе се отвори текстот на Дејли Мејл, може да се прочита дека нејзе не ѝ е досудена затворска казна, но таа добила шест месеци условна казна, прогласена е за виновна за шест ставки од обвинението и одземена ѝ е лиценцата за работа како медицинска сестра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од напис од Дејли Мејл и во постот се вели:

Медицинска сестра ХЕРОЈ! Германски суд ја пушти на слобода медицинската сестра која на 8600 стари лица им даде салинска солуција, наместо генска терапија (ковид вакцина).

Во постот се гледа само насловот од Дејли Мејл кој гласи: Медицинска сестра антиваксерка, којашто им стави само солен раствор на 8.600 постари пациенти наместо вакцина против ковид, излезе слободна од судот во Германија.

Меѓутоа, кога ќе се пристапи до целосниот текст на Дејли Мејл се добива поинаква слика за целата приказна. Во него пишува дека медицинска сестра на Црвениот Крст, триесет и деветгодишната Антје Т во Германија на илјадници повозрасни пациенти им администрирала солен раствор. кажувајќи им притоа дека им ја администрира вакцината на Фајзер. Но, исто така, е наведено и дека на Антје.Т ѝ е одземена  лиценцата за работа како медицинска сестра, дека таа е осудена на шест месеци условна казна и е прогласена  за виновна за шест ставки од обвинението, како и дека е докажано оти тоа што го сторила го сторила со умисла.

После инцидентот, државните власти, ги повикаа жртвите на измама веднаш да се регистрираат за повторна вакцинација потенцирајќи им дека тоа е сосема безбедно. Медицинската сестра со сега одземена лиценца која ги давала лажните вакцини, на почетокот беше обвинета за 15 ставки на повреда со умисла, но за 9 од нив не биле обезбедени докази.

Портпаролот на судот Торбен Тоел рекол дека обвинителот нашол докази дека 6 медицински игли биле наполнети со солен раствор, но дека очекуваат ова да било направено во многу повеќе случаи.

За време на судењето на 30 ноември ексмедицинската сестра се извинила за тоа што го сторила во суд. За неа било познато дека споделувала антивакцинални содржини на социјалните мрежи, како и теории на заговор. Пресудата може да биде обжалена во рок од една недела, што значи дека не е правосилна.

Поради тоа што во постот што го рецензираме не се споделува линкот кој води до целосниот текст на Дејли Мејл, се добива впечаток дека поранешната медицинска сестра е ослободена. Иако во случајот не ѝ е досудена затворска казна, сепак таа има шест месеци условна казна и таа е прогласена за виновна за шест ставки, одземена ѝ е лиценцата за работа и не може повеќе да биде медицинска сестра.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека овој пост што се споделува на Фејсбук е со пропуштен контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...