fbpx

Ивона Талевска доби две години условна казна за „Тифани“

-

Кривичниот суд во Скопје денеска на новинарката и уредничка во „Сител“ и одреди условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело.

Талевска, според пресудата, ќе треба да ја врати и целата сума, за кој беше обвинета во случајот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, а дополнително, треба да плати 76 илјади денари, трошоци за вештачењето. Талевска треба да плати и 1.000 евра како споредна штета, во рок од 30 дена.

Талевска има право на жалба на пресудата во рок од 15 дена.

Нивинарката денеска на првото рочиште од судскиот процес „Тифани“ пред судот ја призна вината за даночно затајување за кое ја товараше СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...