fbpx

Уште тројца обвинети за несреќата во Грција, ноќта си заминале порано од работа

Железничкиот инспектор е обвинет дека го назначил неискусното 59-годишно лице да ги извршува ноќните смени. Другите двајца вработени, наместо да бидат на работното место до 23 часот кобниот ден, тие си заминале порано

-

Двајца вработени во железничката станица во Лариса кои си заминале порано од работа кобната ноќ и уште еден железнички инспектор што го именувал шефот на станицата во Лариса, се тројцата дополнително обвинети лица за железничката несреќа во Грција, во која на 28 февруари годинава животот го загубија 57 лица, пренесува грчкиот весник Катимерини.

Грчките надлежни власти ги товарат трите лица за загрозување на безбедноста во сообраќајот и за повеќекратни кривични дела, вклучувајќи убиство од небрежност и нанесување телесни повреди. Доколку судот го прифати обвинителниот акт, овие лица може да добијат затворска казна од минимум 10 години, до доживотен затвор.

Непосредно по железничката несреќа, полицијата го уапси шефот на железничката станица во Лариса, чија погрешна одлука за насочување на ист колосек предизвика директен судар на патничкиот воз Атина-Солун со товарен воз кој се движел во спротивниот правец.

Железничкиот инспектор е обвинет дека го назначил неискусното 59-годишно лице, како шеф на значајната железничка станица во Лариса, да ги извршува ноќните смени. Другите двајца вработени, наместо да бидат на работното место до 23 часот кобниот ден, тие си заминале порано од предвиденото. Судирот на двата воза се случи во 23:22 часот по грчко време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
free download udemy paid course
download xiomi firmware
Download WordPress Themes Free
udemy course download free