fbpx

И денеска лажни дојави за бомби во Бугарија, во Пловдив утре ќе нема настава

Поради лажните дојави, градоначалникот на Пловдив објави дека 31 март ќе биде неработен ден за учениците во училиштата во овој град

-

На мејловите на училиштата во неколку бугарски градови и денеска биле испратени закани за поставени бомби, по што морало да се евакуираат учениците и да се прекине наставата. Лажни дојави за бомби имало во училишта во Софија, Варна, Добрич, Бургас, Велико Трново, Јамбол, Стара Загора и Пловдив. Поради лажните дојави, градоначалникот на Пловдив објави дека 31 март ќе биде неработен ден за учениците во училиштата во овој град, пренесува Бугарското национално радио.

Само во Пловдив, лажни дојави за бомби пристигнале во повеќе од 10 училишта, кои биле испратени по електронска пошта. Иако во поголемиот дел од училиштата била извршена евакуација на учениците и била прекината наставата, раководствата на две образовни установи во Пловдив одлучиле да се изврши единствено проверка на училниците, по што наставниот процес продолжил.

Во Варна лажни дојави за бомби утрово околу 9 часот пристигнале во 18 училишта, исто како и во седум училишта во Стара Загора. Вакви закани по мејл добиле и неколку образовни установи во Софија, но и 10 училишта во градот Јамбол, пишува Сега.бг. Полицијата насекаде испратила свои екипи за проверка на училишните објекти.

Сепак, од бугарското Министерство за внатрешни работи додаваат дека веќе сомничат ученици од градовите Сливен и Нова Загора за испраќање на лажни дојави за бомби во училиштата, пренесува БТВ Новините. Како осомничени се јавуваат седмоодделенец од Сливен и четири петтоодделенки од Стара Загора, при што првиот се јавил на бројот 112 за лажно да пријави поставена бомба, а вторите испратиле СМС порака до наставник.

Учениците објасниле на полицијата ги испратиле лажните дојави за бомби преку телефон поради тоа што не сакале да посетуваат настава. Полициските органи ги испитале малолетниците во присуство на нивните родители, а со нив извршиле разговор и инспектори од детските педагошки служби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...