среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: кривичнипријави | 44 резултати

Струмичани преку „Фејсбук“ продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

август 27, 2015

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел четири кривични пријави против осуммина осомничени, од кои седум струмичани и еден скопјанец, кои се товарат дека продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми преку „Фејсбук“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, поднесени се пријави со кои осуммината осомничени се товарат за кривичните дела прикривање на […]

Албански државјанин и жител на Радолишта осомничени за обид за убиство

август 13, 2015

Струшката полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б. (22) и Д.З. (39) од селото Радолишта, кои се осомничени дека на средината од декември минатата година со неколку истрели од огнено оружје се обиделе да го убијат А.С. (36) од селото Велешта. Според полицијата, осомничените на 16 декември, околу полноќ, со возило, марка „ровер“, што го управувал […]

Скопјанец и прилепчанец со лажни документи ваделе меѓународни возачки

јули 31, 2015

Прилепската полиција поднела кривични пријави против Г.Ч. (40) и Ж.П. (36) кои, во два одделени случаи, се осомничени дека со лажни возачки дозволи пред две години успеале да извадат меѓународни возачки дозволи за повеќе категории. Во првиот случај, според полицијата, осомничниот Г.Ч. од Скопје, на почетокот на мај 2013 година, во автомото-друштвото Центар за возила […]

При полициска контрола во ноќен бар во Тетово, затекнати 10 странски државјанки

јули 14, 2015

Инспектори на Регионалниот центар за гранични работи Север викендов извршиле контрола на ноќниот бар „Енерџи клуб“ на регионалиот пат Тетово – село Сарачино и затекнале 10 странски и три македонски државјанки, кои незаконски работеле во локалот, соопшти МВР. Од странските државјанки, на возраст од 20 до 30 години, девет биле од Србија и една од […]

Украл броило и го монтирал во својата викендичка

јули 7, 2015

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против А.А. (20), осомничен дека пред три години украл електрично броило од станбена зграда во Куманово, кое потоа го монтирал во својата викендичка. Во врска со случајот, пријава е поднесена и против И.И. (48) од селото Лојане, инаку, вработен во „ЕВН Македонија“, кој се товари за кривичните дела […]

Четворица битолчани осомничени за трговија со дрога

јули 1, 2015

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица на возраст од 24 до 43 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување употреба на наркотици. Според полицијата, осомничените во повеќе случаи набавувале и продавале дрога. Кај нив биле пронајдени 10 шишиња […]

Двајца охриѓани осомничени за овозможување употреба на дрога

јуни 29, 2015

Секторот за внатрешни работи Охрид, во два оддлени случаи, поднел пријави против две момчиња од градот, кои се товарат за кривичното дело овозможување употреба на наркотици, информираат од полциијата. Во првиот случај станува збор за А.К. (20), кој во октомври минатата година бил затекнат од полицијата како им овозможува упореба на марихуана на две лица […]

Кривични пријави за три лица за криумчарење мигранти

јуни 27, 2015

Во текот на минатата недела, МВР расчисти три одвоени случаи на илегален транспорт на мигранти, при што до надлежното Основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против три лица. Кривични пријави се поднесени против А.Р. (51) од Студеничани, Б.Ј. (27), државјанин на Република Труција, и Х.Ј. (40), државјанин на Република Албанија. Од судија на претходна постапка […]

Тројца гостиварци фатени со хероин и со марихуана

јуни 25, 2015

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против С.С. (46), Ф.М. (30) и М.И. (22), кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување и употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци. Според полицијата, осомничениот С.С., кон средината на февруари, од непознато лице од Арачиново набавил […]

Ѝ платил да имаат секс во хотел, а потоа ја ограбил

јуни 25, 2015

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица, за два одделни случаи, кои се товарат за разбојништво и за разбојничка кражба. Според полициските информации, во едниот случај, О.Ф. (23) од Демир Хисар, договорил состанок со девојка во хотел во Битола и ѝ платил одредена сума за сексуални услуги. Но, во моментот кога […]

Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

мај 10, 2015

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против определен број лица, за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, информираат од Обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и […]

Кривични пријави за 11 учесници на протестите

мај 9, 2015

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека примило две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица. По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против девет лица, за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Осомничените делото го сториле […]

Кривични пријави против четворица учесници во вчерашните протести

мај 6, 2015

Полицијата подготвила кривични пријави против четворица скопјани, на возраст од 26 до 40 години, во врска со вчерашните протести за Мартин Нешковски што се одржаа пред зградата на Владата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Четворицата се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службени дејства“, стои во […]

Кривични пријави за пет лица осомничени за трговија со марихуана

мај 3, 2015

Охридската полиција поднела кривична пријава против двајца охриѓани, еден жител од Делогожда и две лица од струшкото село Велешта, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, полициските инспектори ги затекнале пријавените при купопродажба на марихуана, што […]

Кривични пријави: СДСМ спамира, Обвинителството само регистрира

април 8, 2015

„Јавното обвинителство може да ги распредели предметите на 27 јавни обвинители ако сака, но важно е што досега има направено по тие предмети“, вели за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во врска со соопштението од Обвинителството, објавено пред две недели, дека кривичните пријави што ги поднесе опозицијата за сомнежите за криминал што произлегуваат од прислушуваните разговори […]

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

март 28, 2015

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР. Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена. При реализацијата на случаите, полицијата […]

Секој секого тужи – поплава од кривични пријави во Македонија

март 20, 2015

Состојбата во Македонија, која некои ја нарекуваат политичка криза, предизвика поплава од кривични пријави, особено против и за политичари, јавни личности и за новинари. Во мала земја како што сме ние, се чини дека во моментов секој секого тужи и секој секому поднесува кривична пријава. За помалку од три месеци – од 31 јануари до […]

Опозицијата поднесе 21 кривична пријава за изборни нерегуларности

март 20, 2015

Опозицискиот СДСМ денеска до надлежното обвинителство поднесе 21 кривична пријава, против повеќе од 17 сторители на, како што рече заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, кривични дела против изборниот процес. Според Шекеринска, пријавите се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, принуда, предизвикување општа опасност, фалсификување исправи, противзаконско посредување, […]

Двајца тетовци осомничени за 10 тешки кражби

март 10, 2015

Тетовската полиција поднела кривични пријави против Е.А. (21) и Р.Х. (25), осомничени дека изминатите неколку месеци извршиле вкупно 10 тешки кражби во градот, соопшти полцијата. Како што информираат оттаму, Е.А. се товари за осум, додека Р.Х. е осомничен за две тешки кражби. Дваесет и едногодишниот тетовец, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил во […]

Кривичните пријави на СДСМ, Oбвинителството „ги зело во работа“

март 6, 2015

Основното јавно обвинителство Скопје денеска попладне со соопштение информира дека кривичните пријави за неовластено прислушување што ги поднесоа СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, неговата заменичка, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, „биле земени во работа“. „Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот […]

Страна 1 од 2