fbpx

Политичарите и граѓаните различно си го честитаа Денот на независноста

-

Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина на Македонците по 24 години независност, други, пак, за тоа како ќе го подобрат животот на грѓаните и иднината на државата.

Делегации на владејачката партија денеска положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во паркот „Жена-борец“.

Делегации на опозицискиот СДСМ положија цвеќе на гробот на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, и на споменикот на паднатите борци во паркот „Жена-борец“, а лидерот Зоран Заев денешниот ден ќе го прослави со граѓаните во месноста Три Круши.

Премиерот Никола Груевски на грѓаните ќе им се обрати од Свечената академија во Македонскиот народен театар.

Честитки испратија и помалите политички партии, министрите, директорите, градоначалниците и другите функционери.

За разлика од политичарите, граѓаните на социјалните мрежи различно си го честитаа празникот.

На пример, активистот Дамир Незири, Денот на независноста на своите сограѓани им го честита со видеозапис во кој се гледа дека во Тетово едвај протекуваат неколку капки вода од чешмите.

На „Фејсбук“ може да се прочита и дека „За 25 години независност нашите политички партии избркаа повеќе народ отколку Османлиите во 5 века ропство“.

Левичарското движење „Солидарност“ напиша „25 години назадување, 8 Септември е добар датум да согледаме каде бевме некогаш, а каде сме сега. Споредено со 1990, последната година за која имаме податоци за СРМ, бележиме назадување во речиси сите важни сегменти на живеењето – животниот стандард, невработеноста, нееднаквоста, здравството, образованието. Наместо независност, добивме назадување.
Време е работите да се сменат! Нам не ни недостига минатото, ни недостига можноста за подобра иднина“.

солидарност-бројки-ден-на-независност

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...