fbpx

Пратениците заглавија со прeпукување наместо да изберат потпретседател

-

На денешната пленарна седница на Собранието, на која треба да се избере потпретседател на законодавниот дом и членови на неговите работни тела, пратениците заглавија околу тоа кој колку сработил и направил.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП рече дека демократскиот капацитет на пратеничката група на СДСМ се гледа по изјавата која координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ја дал на 1 септември, денот кога СДСМ се врати во Собрание. Димовски, пак, ја искористи можноста за да каже колку закони кои се за доброто на граѓаните власта донела додека пратениците од СДСМ биле отсутни. Пратеникот Амди Бајрам рече дека СДСМ почнале на нечесен начин да работат за интерес на партијата, а за да пропадне државата.

– Требаше да се вратите во овој парламентарен дом и тука да ги решаваме сите проблеми. Ја доведовте државата до банкрот. Треба да сфатите дека оваа држава има закон кој ние го почитуваме. Додека вие шетавте по улиците, ние работевме за доброто на граѓаните – изјави Амди Бајрам.

На ова, Мисовски одговори дека од СДСМ за тоа време не седеле, туку биле на терен со граѓаните.

– Додека ние бевме на терен, вие тука сте гласале на зеленото копче, сте земале 1.000 евра плата, а според информаторот за пратеници, не сте имале ниту една дискусија – рече Мисовски.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата беше критикувана од колегите пратеници затоа што изјавиле дека се враќаат во Собранието само поради Договорот од Пржино.

Независната пратеничка Солза Грчева ги замоли сите други пратеници да ја извадат изборната кампања од Собранието.

Петре Шилегов рече дека не се вратиле во Собранието затоа што ги признаваат изборните резултати, туку затоа што „тоа е дел од паѓањето на диктатурата на Никола Груевски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...