fbpx

Работни групи: Специјалниот обвинител ги одложи изборните закони

-

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, интензивно преговараат околу изборот на специјален јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори инволвирани во преговарачките тимови. Поради тоа се закочени средбите за изборните закони, кои, според најавите, треба да продолжат денеска во Клубот на пратениците.

Според информациите што ги добивме, има мало поместување околу преговорите за специјален обвинител и тој ќе се избира според постојниот закон, но со негова измена и дополнување.

Во врска со изборните закони, како што се дознава, постигнат е мал напредок околу активната регистрација на гласачите, со задолжително пријавување. ВМРО-ДПМНЕ, велат нашите извори, се согласила на активна регистрација на гласачите, но сè уште не се изјаснуваат околу тоа дали таа да биде задолжителна или не. ДПА, пак, останува на својот предлог, пријавувањето на гласачите во избирачкиот список да биде комбинирано. Тоа значи, тврдат нашите извори, во рокот од четири месеци, два месеци да се прави теренски попис на полнолетните граѓани, од врата на врата, а два месеци да биде оставен простор за задолжителна регистрација.

Како што објави „Мета“, најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ, според кој, тие ќе се избираат по формулата „три плус три плус три“, односно тројца членови да бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив да им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат избрани со двотретинско мнозинство во Собранието.

Политичките партии сè уште се далку од договор за гласањето на дијаспората.

Прашањето за дијаспората досега не е мрднато од мртва точка и партиите стојат цврсто на своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ е за тоа да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во три изборни единици, а СДСМ се залага дијаспората да гласа, но важноста на гласот на иселениците да биде ист со тој на гласачите што живеат во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...