fbpx

Специјалниот обвинител во стечај уште пред да биде избран?

-

Сериозно е поткопан Договорот од Пржино со вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1, кој ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против премиерот и неколку министри во Владата.

Како што информираат извори упатени во целиот процес, ако се случи ова, специјалниот јавен обвинител нема да има што да работи, бидејќи судијата на претходна постапка ги издвоил доказите од прислушуваните разговори и ќе треба да ги чува кај себе.

Во прилог на ова оди и делот од соопштението од судот во кој стои:

„Аудиозаписите и транскриптите се затвораат и се чувааат кај судија на претходна потапка при овој суд, одвоени од другите списи и не можат да се користат во постапката“.

Според адвокатот Оливер Вуксановиќ, одлуката на судот е законска. Тој тврди дека прашањето е дали ова решение е за конкретен предмет или се работи за сите обвинителни акти.

– Законот го дозволува ова решение иако работите сè уште се нејасни во смисла на специјалниот јавен обвинител. Судот ја тера процедурата предвидена со закон. Од друга страна, пак, немаме договор за специјален обвинител, дали ќе има нов закон за него и кои ќе му бидат ингеренциите, затоа судот постапува според постојните нормативи – вели Вуксановиќ.

Од Хелсиншкиот комитет се „фрапирани од злоупотребата на постапката од страна на судијата на претходната постапка и од неговото нестручно и несовесно вршење на судиската функција“.

„Судијата на незаконски начин се вмешал во работата на јавното обвинителство и донел противправно решение кое не може да предизвика правна последица и како такво мора да биде обжалено од ОЈО Скопје и преиначено од Апелацискиот суд во Скопје. Имено, одредбите на кои се повикува судијата (ЗКП: чл. 93 – Издвојување на доказ во врска со чл. 12, ст. 2 – Законитост на доказите) се однесуваат само кога случајот е влезен во формална истражна постапка. Имајќи предвид дека списите ги барал судот од обвинителството, јасно е дека обвинителството не донело решение за покренување истражна постапка ниту барало носење на каква било судска одлука. Оваа шестмесечна неактивност на ОЈО претставува уште еден индикатор за несериозноста на правосудните органи и отвора сомнеж за нивна можна координација за избегнување на законските обврски. Имајќи предвид дека кривичните пријави се наоѓаат во предистражна, судијата на претходната постапка воопшто немал надлежност да постапува во тој дел од постапката која е тајна. Надлежноста на судијата на претходната постапка почнува во истражната постапка, а единствен исклучок од ова правило е судската контрола на законитоста при работењето на истржаните органи“, реагираат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму додаваат дека дали доказите се прибавени законски или не, судот може да се утврди само во истражна, судска, но не и во предистражна постапка. А потврда на тоа е и фактот дека според одредбата врз основа на која судијата го донел решението, тоа може да биде донесено по предлог на странките, а осомничените во овој дел од постапката сè уште го немаат статусот „странка“.

„Според ова, јасно е видлива намерата на судот да се изигра членот 14 од Уставот, во кој пишува дека никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Според неофицијални информации, Обвинителство сè уште е во предистражна постапка и нема да може сè да се заврши до 15 септември, кога е и рокот за назначување специјален јавен обвинител.

Обвинителството има рок да поднесе жалба до вечерва на полноќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...