Димова: Собраниските комисии ќе бидат отворени за граѓанскиот сектор

-

Пратеничката група на СДСМ, која пред пет дена се врати во Собранието, ќе ги отвори за граѓанските организации сите седници на комисиите со кои раководат претставници на партијата и на нивните коалициски партнери, вклучувајќи ја и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) и онаа за надзор врз примената на посебната истражна мерка следење на комуникациите, чија работа ќе биде во редовни консултации со претставниците на граѓанскиот сектор, соопшти денеска на прес-конференција пратеничката и претседателка на Националниот совет за евроинтеграции на СДСМ, Лидија Димова.

Димова на прес-конференцијата пред Собранието рече дека е големо и драгоцено искуството од соработката со организациите на граѓанското општество во рамките на платформата „Граѓаните за Македонија“ и информираше за начинот на работа и чекорите што СДСМ и коалициските партнери планираат да ги спроведат во законодавниот дом.

„Денеска сме овде да ви соопштиме и да ви ветиме дека ние, пратениците од пратеничката група на СДСМ и на коалициските партнери, вака ќе работиме: Ќе го слушаме мислењето на граѓаните! Редовно ќе ги консултираме сите засегнати страни за конкретните закони што ќе ги предлагаме во Собранието! Ќе ги отвориме сите седници на комисиите каде што претседатели се претставници на СДСМ и на коалициските партнери! За сите измени на важни закони, ќе иницираме јавни расправи со консултации и со учество во најширока смисла на зборот. Ќе иницираме надзорни расправи на теми што ги засегаат граѓаните! Со граѓанските организации ќе организираме заедничка средба најмалку еднаш месечно за законски предлози што би можело да бидат ставени на агендата на Собранието од здружената опозиција. Ќе работиме на воспоставување институционална инфраструктура во Собранието за соработка со организациите од граѓанскиот сектор. Во Собранието на Република Македонија мора да има соодветно тело преку кое граѓаните ќе можат да практикуваат директна демократија, демократија по мерка на граѓаните“, рече Димова.

Според неа, ова се само дел од чекорите на кои се обврзува опозицијата во Собранието.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...