fbpx

Заев: До изборите треба да има обвинителни акти

-

Во моментот се преговара за јавниот обвинител, таканаречениот специјален јавен обвинител, којшто ќе биде надлежен да отвори постапки пред истражен судија и да донесе одлуки за сѐ што е поврзано и сѐ што произлегува од прислушувањето. Тоа им го должиме на граѓаните, преку независен специјален јавен обвинител, овие постапки да се отворат, да се каже што е точно, што не, и согласно тоа да се покренат процесите, изјави денеска во Струга, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ние сме убедени дека решение мора да се најде. Точно е дека не сме до крај на чисто и ние од опозицијата и тие од власта, во делот на решението. Но, апсолутно сме согласни во неговата целосна автономија. Согласни сме дека во договорот стои нов јавен обвинител со целосна автономија којшто ќе биде надлежен за сѐ што произлегува од прислушувањето и сѐ што е поврзано со прислушувањето, на предлог на четирите партии потписнички. Различноста во концептите постои во делот на тимот околу самиот специјален обвинител. Се уште сме на позиции дека, согласно постојниот закон за јавно обвинителство, секој јавен обвинител има обвинители во самото Обвинителство, власта тврди дека тоа треба да се реши со стручни служби и стручни соработници – изјави Заев.

Апелирам, рече тој, до стручната јавност, да помогне и да даде свои коментари.

– Постојат стручни соработници во делот на профилот, како што постојат во судовите, или не во Јавното обвинителство. Ние знаеме дека стручните соработници ги има во судовите, покрај стручни соработници коишто значат практична, техничка поддршка, во јавното обвинителство постојат од таков тип, но стручни соработници на ниво како судовите, не постојат. Верувам дека овие прашања брзо ќе се разрешат. Веќе сме договорени генерално во разговорите околу автономијата на специјалниот обвинител. Договорени сме околу начинот на истражните одделенија, преку селекцијата на инспекторите, нема дилеми и различности околу неговите примања, околу техничката опременост којашто мора да ја има. Остануваат вакви суштински моменти коишто верувам, во деновите коишто се пред нас, ќе бидат разрешени, заради тоа што, дилемата која што постои во јавноста, дали до 15-ти септември ќе се избере специјалниот обвинител, за нас е апсолвирано прашање. Мора да се избере специјалниот обвинител. Тоа е договорено, гаранторите се овде, и вараќање назад нема – рече Заев.

Тој рече дека на 1-ви септември СДСМ ќе се врати во Парламентот.

Заев рече дека до изборите очекува да паднат обвинителни акти, да се донесат одлуки, да се појави и Заев и Груевски на обвинителна клупа.

– Нема бегање, ние сме подеднакви со сите граѓани. Ако некој се огрешил по законот, има да одговара по законот. Нови амнестии на Македонија не и требаат. Секако, согласно доказите коишто постојат во постапката. Независно јавно обвинителство за коешто се залагаме на чело со специјалниот обвинител, мора да ја истурка оваа работа. Ова е многу важно, заради тоа што, тоа е и првиот чекор во реформите кон независен правосуден систем во Република Македонија – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...