fbpx

Премиерот ги претрка пленумците

-

Еден ден пред јавниот собир во Паркот на новинари, кој го организира „Средношколски пленум“, премиерот Никола Груевски во Дојран изјави дека измените во законот за државна матура се одложени за септември 2016 година.

При посетата на Дојран, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Груевски рече дека има доволен период за размислување во кој ќе се разговара со сите заинтересирани страни за да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации.

– Одложувањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за, на крај, да се донесе најсоодветното решение – истакна Груевски.

Денеска од „Средношколски пленум“ не успеавме да добиеме одговор дали планираат и други активности освен јавниот собир или, пак, каква било реакција на одложувањето на измените на законот.

– „Средношколски пленум“ повторно се враќа да ја извојува битката што ја почна претходната учебна година. Се надеваме дека Министерството овојпат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел, ве повикуваме на јавен собир во Паркот на новинари, кој ќе биде проследен од алтернативни предавања, панел-дискусија и уште многу други активности. Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавени наскоро. Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од кога било – пишува на поканата на „Средношколски плеум“ за јавниот собир.

Од „Студентски пленум“ велат дека наскоро треба да имаат генерален пленум, на кој ќе ги договорат идните активности.

Премиерот Груевски, за Законот за високо образование, денеска посочи дека ќе се направат максимални напори да бидат вклучени сите тие на кои се однесува законот и да се слушнат сите мислења, а во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија.

„Студентски пленум“ го поддржа настанот во организација на „Средношколски пленум“ и утре негови претставници ќе бидат дел од говорниците на јавниот собир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо...