fbpx

МПМ ги намали платите, новинарите излегоа на протест

-

Новинари од редакциите на трите дневни весници во издание на „Медиа принт Македонија“ („Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“) денеска, точно напладне, излегоа на протест пред просториите на компанијата за да го искажат своето незадоволство и револтот од одлуката на менаџментот да ги намали платите на вработените. Одлуката стапила на сила денеска, а со неа скалесто се намалуваат платите за 30, 20 и за 10 проценти, во зависнот од примањата на вработените.

Пред новинарите кои протестираа зборуваше претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамар Чаусидис, која истакна дека со ваквата одлука дополнително се девалвира и се нарушува економското, политичкото и професиналното достоинство на новинарите во Македонија.

– Денеска излеговме да го искажеме својот протест и револот од одлуката за намалување на платите, која утрово беше објавена на огласна табла во МПМ. За земја која успешно ја надминала светската економска криза и која, како што секојдневно слушаме, е лидер во економскиот напредок во Европа, недозволиво е да се намалуваат платите на новинарите поради економски причини. Со ова се зголемува несигурноста кај новинарите во МПМ и во Македонија, кои и онака се најслабо платени во регионот и пошироко – изјави Чаусидис.

Таа рече дека ова не ги засега само вработените во МПМ, туку ги засега и редакциите на сите други медиуми во земјата. Претседателката на ССНМ најави дека ќе побараат поддршка и од другите медиуми.

На крајот, по кратко меѓусебно договарање, новинарите од МПМ присутни на денешниот протест, се договорија и утре и во наредните денови, во 12 часот, повторно да излезат пред МПМ и да продолжат со протестот.

Чаусидис, исто така, соопшти дека одлуките биле носени зад затворени врати, а синдикатот за нив дознал дури отпосле, иако за можни потенцијални решенија на ситуацијата тие веќе доставиле свои предлози до менаџментот на МПМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...