fbpx

Машки труп и превртен автомобил најдени во бездна на патот Гостивар – Кичево

Безживотно тело на маж и автомобил „шкода октавија“ изутринава биле најдени во длабока бездна покрај магистралниот пат Гостивар - Кичево. Случајот, околу 10 часот, во полиција го пријавиле вработени во гостиварската секција на „Македонија пат“. Според пријавата, тие од десната страна на магистралниот пат Гостивар -...

Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Против двајца сиријски државјани се поднесени кривични пријави откако полицијата на граничниот премин Табановце утврдила дека личните документи што ги дале за проверка се фалсификати. Кривичните пријави ги поднел Регионалниот центар за гранични работи - Север, и според пријавите сиријските државјани се товарат за фалсификување лични документи. Осомничените, на...

Делчевец осомничен за фалсификување оти го искинал пасошот

Регионалниот центар за гранични работи Исток, поднел кривична пријава против Р.Т. (32) од Делчево, кој е осомничен за фалсификување личен документ. Како што информираат од полицијата, осомничениот кон средината на минатиот месец самиот отишол во канцеларијата за странци и реадмисија во Делчево и поднел барање предвреме...

Царината заплени 14 килограми марихуана

Македонските царински служеби, вчера на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница, спречиле шверц на 14 килограми марихуана, информираа од Царинската управа. Дрогата била откриена во автомобил „рено лагуна“, во кој се превезувале полските државјани Д.Л. (48) и К.С. (46), кои имале намера да ја пренесат...

Изгореа бараките кај ресторан „Имес“

Неколку бараки изгореа во синоќешниот пожар на скопскиот булевар Илинден, во близина на ресторанот „Имес“. Шест противпожарни возила го гаснеа пожарот, кој ги зафатил бараките што се користеа како магацински простор. Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој предизвика голема материјална штета.

Адвокатите побараа ослободителни пресуди за обвинетите во „Ровер“

Адвокатите на обвинетите во случајот „Ровер“ на денешното рочиште, во своите завршни зборови побараа ослободителни пресуди за сите обвинети, истакнувајќи притоа дека на повторното судење, судот не ги следел насоките на Апелацискиот суд, дадени по укинувањето на првостепената пресуда, пренесува „Фокус“. Според одбраната, и во...

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал,...

Странски државјани, дрога и бегалец откриени во полициска акција

Екипи на тетовската полиција вчера извршиле контрола во два угостителски објекти во селото Жеровјане, каде што покрај странски државјанки со нерегулиран престој, биле приведени уште две лица, едното барано со потерница, а другото за поседување дрога. Како што информираат од СВР Тетово, акцијата била спроведена...

Четворица кочанчци осомничени дека украле плен вреден повеќе од еден милион денари

Виничаката полиција поднела кривични пријави против четворица кочанци, осомничени дека минатиот месец од куќа во селото Ласки украле девизи, денари и златен накит, со вкупна вредност поголема од еден милион денари. Според полицијата, С.К. (49), Г.П. (36), Б.П. (32) и Б.М. (29) се осомничени за тешка кражба,...

Капак од багажник на автобус усмртил пешак кај селото Конопница

Седумдесет и шестгодишен маж го загубил животот во сообраќајна незгода,  што утрово се случила на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на селото Конопница. Според полициските информации, несреќата се случила околу 7 часот, кога на автобус, со скопски регистарски ознаки, кој се движел...

Товарен воз прегазил илегален мигрант

Илегален мигрант утрово бил прегазен во центарот на Велес, од товарен воз, кој сообраќал на линијата Гевгелија - Скопје. Несреќата се случила околу 6 часот, а случајот во полиција го пријавил машиновозачот. Полициската екипа која интервенирала, на местото затекнала уште шестмина мигранти, кои се приведени во...

Полицијата сè уште трага по осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци

Полицијата сè уште трага по кавадарчанецот, осомничен дека вчера попладне убил три лица во нивниот дом во градот. Осомничениот смртно ги застрелал родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, пренесуваат дел од медиумите. Од велешката полиција иформираат дека пријавата за случајот кај нив пристигнала вчера околу...

(ФОТОГРАФИИ) Се запали новата фасада на Владата, штетата незначителна

Екипите на скопската протипожарна бригада го изгасија пожарот што утрово избувна во источната зграда на Владата, на делот од фасадата свртен кон булеварот Партизански одреди. Како што изјави командирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски, пожарот ја зафатил фасадата на зградата и дел од електричната инсталација, внатре...

Случај „Дениса“: Добиениот материјал е неподобен за анализа

Институтот за судска медицина ја почна обдукцијата врз телото добиено од грчките власти. Директорот на Институтот, Алексеј Дума, вели дека најпрвин треба да се утврди идентитетот на телото, односно, дали станува збор за прилепчанката Дениса Маркоска. Цела вечер траеле подготовките за обдукција, бидејќи телото...

Кривична за Македонци кои илегално превезувале мигранти

Изминатата недела, во три одвоени случаи на илегално превезување мигранти, регионалниот центар за границата Југ, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29) од село Ваксинце, А.Д.(21) од село Лојане, Кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А....

Го барале од Интерпол, го нашле на Богородица

На 7 ноември во 21.10 часот, при пасошка контрола, на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија, бил забележан 44-годишен белграѓанец, кој се бара од Интерпол за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје или распрскувачки материи. МВР соопшти дека на Србинот му е определена мерка...

Генерал Ндрецај ја промовира униформата на гардата на Илирида

Хамди Ндрецај, познат и како Пантер, кој се претставува како командант на „гардата на република Илирида“, неодамна ја облече и ја покажа униформата на гардата. Порталот „Алмакос“ ја пренесува изјавата на Надрацај во која тој вели дека уникатната сива униформа ја направиле во чест на...

Девојка прегазена во Прилеп

Синоќа пред полноќ, автомобил со прилепски регистарски таблици удрил пешак во центарот на Прилеп кај местото познато како Реклами. Во несреќата тешко е повредена млада девојка, која веднаш е пренесена во градската болница во Прилеп.  

Тепачка помеѓу ученици во „Зеф Љуш Марку“ во Скопје

Во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје синоќа околу 18 часот  се степале неколку ученици. Полицијата интервенирала, по што нарушувањето е расчистено, а по целосно документирање на случајот, на четири лица ќе им бидат издадени платни налози за сторен прекршок.

МВР: Косовската полиција го екстрадира командант Талибани

Метин Ислами (33) познат како командант Талибани, осомничен како еден од членовите на терористичката група предводена од Лирим Јакупи-Нацист, е екстрадиран од Косово и е предаден на македонската полиција. Екстрадициската постапка на Ислами, како што иноформираат од МВР, траела повеќе од една година. - Со највисок...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...