МВР: Косовската полиција го екстрадира командант Талибани

-

Метин Ислами (33) познат како командант Талибани, осомничен како еден од членовите на терористичката група предводена од Лирим Јакупи-Нацист, е екстрадиран од Косово и е предаден на македонската полиција.

Екстрадициската постапка на Ислами, како што иноформираат од МВР, траела повеќе од една година.

– Со највисок степен на обезбедување, Метин Ислами, познат како командант Талибани, беше преземен од косовската полиција на граничниот премин Блаце и, во согласност со процедурите, спроведен во затворот „Идризово“ – соопштуваат од МВР.

Метин Ислами минатото лето беше приведен на Косово во близина на Пеќ, откако претходно по него беше распишана меѓународна потерница преку Интерпол заради издржување затворска казна.

Ислами, во 2008 година, беше осуден во отсуство на затворска казна од 15 години, за кривичните дела терористичка организација и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Тој беше осомничен како еден од членовите на терористичката група, предводена од Лирим Јакупи-Нацист, којашто во ноември 2007 година во тетовското село Бродец беше разбиена во полициската акција „Планинска бура“. Во акцијата, седумина терористи беа убиени, додека 12 беа приведени.

Четири члена на групата, предводени од Лирим Јакупи, меѓу кои и таканаречениот командант Талибани, успеаја да избегаат на Косово.

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија,...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на...