Го барале од Интерпол, го нашле на Богородица

Ministria e punëve të brendshme

На 7 ноември во 21.10 часот, при пасошка контрола, на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија, бил забележан 44-годишен белграѓанец, кој се бара од Интерпол за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје или распрскувачки материи.

МВР соопшти дека на Србинот му е определена мерка екстрадициски притвор во траење од 40 дена и дека тој се наоаѓа во затворот „Скопје“.