fbpx

Цариниците на „Богородица“ спречиле сопружници да изнесат од земјава 16.000 долари

При излез од државата, граѓаните можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице, потсетуваат од Царинската управа

-

Царински инспектори од мобилен тим на секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари, соопштија во Царинската управа.

„Сопружниците кои се македонски државјани, на излез од државата на граничен премин „Богородица“ на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо. Но, при извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени 16 илјади долари“, соопштуваат од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење на двете лица им биле вратени по 2.100 долари, а останатите 11.800 се привремено одземени. Откако им зеле изјави, против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок.

„Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од овластена банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат“, апелираат од Царина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...