fbpx

Адвокатите побараа ослободителни пресуди за обвинетите во „Ровер“

-

Адвокатите на обвинетите во случајот „Ровер“ на денешното рочиште, во своите завршни зборови побараа ослободителни пресуди за сите обвинети, истакнувајќи притоа дека на повторното судење, судот не ги следел насоките на Апелацискиот суд, дадени по укинувањето на првостепената пресуда, пренесува „Фокус“.

Според одбраната, и во текот на повторениот судски процес, не се докажа умислата на обвинетите и не се приложија нови докази што ќе укажат на нивна вина.

Адвокатот Дончо Наков истакна дека судот не ги испочитувал законските процедури за да ги обезбедат четворицата првообвинети во случајот, кои се странски државјани.

– Судот ја базира недостапноста на обвинетите на документ кој МВР уште во 2012 година го доставил до нив. Но, во документот стои и дека Чубрило и Вукичевиќ се државјани на Србија, а останатите двајца, Илиќ и Ковачевиќ, се државјани на Босна и Херцеговина, наведувајќи ги нивните адреси на живеење. Нејасно е зошто судот упорно овие двајца обвинети ги бара од Србија, а не од Босна? Тоа е целосна пречка за да се продолжи процесот – истакна адвокатот Наков во своите завршни зборови, пренесува „Фокус“.

Адвокатите го оспорија предметот, а дел од обвинетите кои зборуваа денеска укажаа на недостатоците во постапката.

Судењето за случајот „Ровер“ е при крај и по давањето на завршните зборови ќе следува и пресуда, што се очекува да се случи набргу.

Според првостепената пресуда, која Апелацискиот суд ја поништи, четворицата првообвинети добија доживотен затвор, Бошкоски беше осуден на 12 години затвор, две години помалку доби Зоран Трајковски, по осум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по шест – Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy course
download mobile firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free