fbpx

Нишлиецот Радојковиќ се спогодил со обвинителството за сообраќајката кај Демир Капија

Рајко Радојковиќ (21) од Ниш, кој кон крајот на јули годинава ја прездвика сообраќајната незгода на регионалниот пат Удово - Демир Капија, во која загинаа срспките државјани Никола Маринковиќ (24) и неговиот осуммесечен внук Андрија, е осуден на 22 месеци затвор, откако ја признал вината и...

Во Драчево повреден градежен работник

Градежен работник тешко се повредил попладнево во околината на „Марков манастир“ во Драчево. Работникот, бушејќи со градежна машина, во еден момент си ја зафатил и ногата, по што веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде што лекарите извршиле ампутација на екстремитетот. Повредениот не е во животна...

Стружанка – жртва на филмско грабнување

Струшката полиција вчера добила пријава за грабнување, а жртва била четириесет и двегодишна жителка на градот. Како што информираат оттаму, случајот го пријавил локален адвокат, кој рекол дека грабнувањето се случило меѓу 9 и 9.20 часот на улицата Маршал Тито. Стружанката била пронајдена околу 13 часот...

Воз прегазил човек кај Згрополци

Вработен во „Македонски железници“, утрово, дваесетина минути по полноќ, во велешката полиција пријавил дека товарниот воз кој сообраќал на релација Трубарево-Гевгелија, транзит за Солун, кај место Згрополци, удрил во непознато лице кое се наоѓало на шините. Јавен обвинител и увидна екипа од велешката полиција извршиле...

Шестмина притворени за пренесување илегални мигранти

Македонската полиција, изминативе неколку дена, до Јавното обвинителство поднела кривични пријави против осум лица, осомничени за илегално пренесување мигранти. Осомничените биле приведени во четири одвоени случаи, во рамките на кои екипите на МВР откриле 21 илегален мигрант, сите од Сирија. Во претходна постапка, на четворица од...

Жител на Џепчиште осомничен за кражба на дрва

Триесет и шестгодишен жител на тетвоското село Џепчиште заработил кривична пријава, откако со трактор натоварен со дрва за огрев, завчера ù побегнал на полициската патрола, која се обидела да го запре и да изврши контрола на товарот. Против С.М. е поднесена пријава за кражба, а двајца...

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

Жител на кумановското село Черкези го загубил животот, а четворица негови соселани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на автопатот Куманово - Скопје, во близина на селото Романовце. Според полициските информации, настраданот Беадин Р.(44) починал на самото место, а неговите...

Македонска банда арамии пустошела цркви и куќи во Австрија

Австриската полиција трага по неколкумина македонски државјани, осомничени дека се дел од криминална банда која извршила серија тешки кражби во неколку градови во земјата, информира весникот „Куриер“. Како што пренесува весникот, полицијата уапсила еден од осомничените, за кого се претпоставува дека е водач на групата...

Скопјанец осомничен за серија кражби во Кратовско

Кратовската полиција поднела кривична пријава против дваесет и седумгодишен скопјанец, осомничен дека извршил серија кражби во верски објекти и во продавници во градот и во околните села. Според полициските информации, осомничениот ги извршил кражбите во текот на август и на септември оваа година, кога со...

Албански државјанин крадел огревни дрва во Струшко

Патрола на струшката полиција вчера привела албански државјанин додека товарал дрва за огрев во околината на селото Дренок. Станува збор за Ч.А.(30) од Либраж, Албанија, кој еднаш веќе бил фатен како илегално престојува во земјава и му била изречена забрана за влез до август 2017...

Кривична за светиниколец кој фалсификувал пари

Четириесет и шестгодишен жител на Свети Николе е осомничен дека минатиот месец на вработена во продавница ù подметнал фалсификувана банкнота од 200 евра. Како што информираат од полицијата, осомничениот С.В. кон средината на септември, отишол во продавница во селото Пеширово и побарал од вработената да му...

Македонски државјани уапсени во Ново Сараево со еден килограм хероин

Двајца македонски државјани се упасени во Ново Сараево со повеќе од еден килограм хероин. Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар се приведени на меѓународната автобуска станица на улицата Пут живота. Според босанските медиуми, хероинот е пронајден кај Шабан, кој бил во друштво со Идриз. Во...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...