fbpx

Шестмина притворени за пренесување илегални мигранти

-

Македонската полиција, изминативе неколку дена, до Јавното обвинителство поднела кривични пријави против осум лица, осомничени за илегално пренесување мигранти. Осомничените биле приведени во четири одвоени случаи, во рамките на кои екипите на МВР откриле 21 илегален мигрант, сите од Сирија. Во претходна постапка, на четворица од пријавените веќе им се изречени мерки притвор во траење од осум дена, а на двајца – мерки притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од МВР, во првиот случај, осомничените С.Л. (43) и М.В. (47), двајцата од Богданци, во понеделникот оваа недела, по претходен договор, со две возила, во близина на фабриката за приколки на „Млаз – Богданци“, прифатиле 13 илегални мигранти, меѓу кои имало и три малолетни деца, кои имале намера да ги превезат до Куманово.

– Во вториот случај, пријавениот Ќ.А. (40), од Скопје, со возило „голф 4“ со италијански регистарски таблички, вчеравечер е сопрен од полициски службеници на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на Неготино, при што во возилото се откриени петмина сириски државјани, кои од Грција илегално влегле во земјава, со намера да стигнат до Кумановско – информираат од полицијата.

Полицијата во меѓувреме привела и тројца српски државјани, К.Н. (23), К.Г. (47) и Ф.С. (49), сите од Бујановац, и една македонската државјанка, В.Б. (38) од Куманово, кои што биле запрени на автопатот Велес – Скопје, додека во автомобилот во кој се превезувале биле затекнати двајца сириски државјани. Во четвртиот случај, кривична пријава е поднесена против Д.Т. (32) од Куманово, кој во своето „рено 4“ во центарот на градот превезувал еден сириски државјанин, кого за паричен надомест од 50 евра требало да го спроведе до селото Лојане.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...